ПУ „Браќа Миладиновци“ - Дедебалци
Основно училиште „Браќа Миладиновци“ (официјално: Подрачно основно училиште „Браќа Миладиновци“ - Дедебалци; скратено: ПОУ „Браќа Миладиновци“) — подрачно основно училиште во селото Дедебалци, составен дел на истоименото училиште во селото Добрушево.[1]
Браќа Миладиновци | |
---|---|
Поглед на подрачното основно училиште „Браќа Миладиновци“
| |
Место | |
Општина: | Општина Могила |
Наречено по: | Браќа Миладиновци |
Нас. место: | Дедебалци |
Адреса: | с. Дедебалци |
Местоположба | |
Основни информации | |
Настава на: | македонски |
Контактни информации |
Училиштето е именувано по македонските поети Браќа Миладиновци.
Местоположба
уредиОбјектот на училиштето се наоѓа на влезот од селото, некаде на половина пат помеѓу селата Дедебалци и Далбеговци.
Историја
уредиВо текот на 2016 година училиштето било делумно обновено. Во тој зафат биле обновени дограмите, подовите и училишниот ходник.
Настава
уредиВо училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.[1]
Учениците од подрачното училиште во Трап-Будаково подоцна доаѓаат да посетуваат настава во училиштето во Дедебалци.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „За нас...“. македонски: ОУ „Браќа Миладиновци - Добрушево. Посетено на 15 октомври 2019.