Црква „Св. Атанасиј“ - Забрчани
црква во селото Забрчани
Свети Атанасиј – главна селска црква во селото Забрчани.[1] Сместена е на неколку стотина метри северозападно од селото.
Свети Атанасиј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Варошка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°25′55″N 21°29′33.2″E / 41.43194° СГШ; 21.492556° ИГД |
Место | Забрчани |
Општина | Долнени |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Атанасиј Александриски |
Завршено | 1987 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата била изградена во 1987 година по барање на селскиот црковен одбор заради задоволување на верските потреби на селаните.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот се наоѓа на јужната страна. Кон западната страна е доградена припрата до којашто води влезна врата сместена исто така на јужната страна.
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата претставува примитивна метална конструкција.
Галерија
уреди-
Влезот на црквата
-
Апсидата
-
Камбанаријата
-
Селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 19. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Црква „Свети Атанасиј“, село Забрчани“. OldPrilep. 6 мај 2012.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ - Забрчани на Ризницата ?