Црква „Св. Троица“ - Велестово
црква во селото Велестово
Света Троица — главна манастирска црква на Велестовскиот манастир во охридското село Велестово.
Света Троица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Деветта охридска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°5′17.68″N 20°49′20.97″E / 41.0882444° СГШ; 20.8224917° ИГД |
Место | Велестово |
Општина | Охрид |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свето Тројство |
Изградба | 1986 |
Завршено | 1989 |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата е сместена во листопадна шума во еден дол, под самото село, од десната страна на патот кој води кон селото Велестово.[1]
Историја
уредиИзградена е на место на постар средновековен истоимен манастир, од семејство со потекло од селото Велестово.[1]
Темелите се осветени во 1986 година, а била осветена на 21 јули 1989 година од страна на митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Ктитори на манастирот се Наум и Благуна Митрески од село Велестово.[2]
Галерија
уреди-
Напис во црквата
-
Камбанаријата со црквата
-
Апсидата
-
Камбанаријата
-
Куполата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Велестово | Рурален развој Охрид“. web.archive.org. 2019-12-09. Архивирано од изворникот на 2019-12-09. Посетено на 2020-01-01.
- ↑ „Деветта охридска парохија“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2014-09-18. Посетено на 2011-01-13.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Троица“ - Велестово на Ризницата ?