Црква „Св. Атанасиј“ - Лознани
црква во селото Лознани
Свети Атанасиј — главна селска црква во селото Лознани.[1] Црквата е сместена во крајниот источен дел од селото, непосредно од десната страна на патот кој продолжува до Новоселани.
Свети Атанасиј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Ивањевска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°12′39.3″N 21°24′25.5″E / 41.210917° СГШ; 21.407083° ИГД |
Место | Лознани |
Општина | Могила |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Атанасиј Александриски |
Завршено | 1860 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата е изградена во 1860 година, била доградувана во 1900 година и обновена во 1926 година.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Во продолжение на западната страна е дограден објект чиј влез е сместен на јужната страна. Главниот објект на црквата е изграден од варовник и е покриен со крод од ќерамиди.
Во дворот на црквата се наоѓаат камбанаријата, базен за верски обреди и селските гробишта. Камбанаријата има квадратна основа, изградена е од тули и се издига јужно од црквата.
Галерија
уреди-
Апсидата на црквата
-
Камбанаријата
-
Базенот за верски обреди
-
Селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 12. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Лознани Архивирано на 1 април 2023 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ - Лознани на Ризницата ?