Црква „Св. Теодор Стратилат“ - Свето Тодори (селска)
Свети Теодор Стратилат — главна селска црква во селото Свето Тодори.[1] Црквата е сместена во крајниот југозападен дел од селото, во непосредна близина на училиштето.
Свети Теодор Стратилат
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Ивањевска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°13′41.2″N 21°20′02.7″E / 41.228111° СГШ; 21.334083° ИГД |
Место | Свето Тодори |
Општина | Могила |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Теодор Стратилат |
Завршено | 1880 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата е изградена во 1880 година врз стари темели, а била обновена по Првата светска војна во 1921 година, како и во 1990 година.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Од јужната страна на црквата е дограден објект чиј влез е сместен на источната страна. Црквата е изградена од варовник и е покриена со кров од ќерамиди, додека апсидата е покриена со лимен кров.
Црквата има мал ограден двор кој го зафаќа просторот меѓу главниот и доградениот објект, како и камбанаријата која е сместена во југоисточниот агол. Таа има квадратна основа и се состои од два дела. Од нив, долниот е изграден од варовник како и самиот црковен објект, додека горниот дел содржи по еден залачен отвор на секоја страна. Влезот во камбанаријата се наоѓа на северната страна. Во оградениот двор има и гробен споменик. Селските гробишта се сместени непосредно до црквата, но надвор од оградениот двор.
Галерија
уреди-
Влезот на црквата
-
Апсидата на црквата
-
Камбанаријата
-
Селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 12. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Свето Тодори Архивирано на 29 јуни 2020 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Теодор Стратилат“ - Свето Тодори (селска) на Ризницата ?