Црква „Пресвета Богородица“ - Горно Село

црква во селото Горно Село

Пресвета Богородица – главна селска црква во Горно Село.[1] Сместена е во крајниот јужен дел од селото, на површина којашто ѝ дава доминантна положба во поглед на остатокот од селото.

Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Варошка
Местоположба

Карта

Координати 41°25′01.8″N 21°32′00″E / 41.417167° СГШ; 21.53333° ИГД / 41.417167; 21.53333
Место Горно Село
Општина Долнени
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Завршено 1890
Архитектонски опис

Историја

уреди

Црквата била изградена во 1890 година.[2]

Архитектура

уреди

Градбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со седум слепи ниши.[2] Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна, а црквата има и спроеден влез на јужната страна. Над обата влеза има по една ниша со фреска во лоша состојба. На јужниот ѕид има два прозорци и едно помало окно во нискиот источен дел, а два прозорци има и на северниот ѕид од храмот. Објектот е изграден од варовник и во целост е варосан, а покриен е со кров од ќерамиди.

Во дворот на црквата се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата претставува примитивна метална конструкција.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 19. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 Црква „Пресвета Богородица“, Горно Село“. OldPrilep. 15 март 2012.

Надворешни врски

уреди