Црква „Св. Илија“ - Плаќе
Свети Илија — главна селска црква во охридското село Плаќе.[1] Во црковниот двор се наоѓаат и селските гробишта на Плаќе.
Свети Илија
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Коселска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°13′5.6″N 20°58′19.5″E / 41.218222° СГШ; 20.972083° ИГД |
Место | Плаќе |
Општина | Охрид |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Илија |
Изградба | 1871 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа на едно возвишение, во југозападниот дел на селото.[2]
Историја
уредиЦрквата била подигната во 1871 година.[3]
Се верува дека некогаш на истото место на кое е подигната денешната градба имало постаро култно место. На западната страна на црквата можат да се забележат остатоци од градба, а во дворното место се наоѓаат стари средновековни гробови.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е еднокорабна. Била градена со кршен камен и делкан бигор, а апсидата на црквата е полукружна. Во минатото била покриена со камени плочки. Материјалот за нејзината градба бил носен од месноста Сопот.[2]
На северната страна од црквата е изградена трпезаријата.[2]
Фрескоживопис
уредиЦрквата поседува фрескоживопис, за кој се претпоставува дека е насликан за време на изградбата на црквата.[3]
Од овој живопис се останати само ликовите во олтарниот простор и во споредните ниши.[2]
Иконостас
уредиВо внатрешноста постои иконостас на кој се наоѓаат четири престолни икони, кои потекнуваат од 1872 година.[2]
Галерија
уреди-
Помошен објект
-
Камбанаријата
-
Селските гробишта
-
Помошен објект
-
Главниот влез
-
Поглед на црквата
-
Апсидата
-
Старата камбанарија
-
Задниот дел на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 46. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „ЦРКВИ И МАНАСТИРИ ВО ОХРИДСКО: Плаќе и Рамне мали села со многу свети места“. Denesen.mk. Посетено на 2019-11-15.
- ↑ 3,0 3,1 „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. www.dke.org.mk. Посетено на 2019-11-15.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Илија“ - Плаќе на Ризницата ?