Црква „Св. Атанасиј“ - Сенокос
Свети Атанасиј — главна и единствена селска црква во селото Сенокос.[1] Сместена е во крајниот западен дел од селото.
Свети Атанасиј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Варошка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°24′44.3″N 21°28′02.7″E / 41.412306° СГШ; 21.467417° ИГД |
Место | Сенокос (Прилепско) |
Општина | Долнени |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Атанасиј Александриски |
Завршено | 12 јули 1874 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиСпоред натписот во нишата над влезот на северната страна, црквата била обновена на 12 јули 1874 година врз темелите на постара градба.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е еднокорабна и засводена, со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна украсена со седум слепи ниши.[2] Кон западната страна е доградена припрата и помошен објект со правец на протегање север-југ. Храмот има влез на северната страна над кој има ниша со натпис од кој се дознаваат податоци за црквата. Од десната страна на нишата е закачена мермерна плоча со основни податоци. Во црквата се наоѓа истоименото археолошко наоѓалиште. Имено, кон надворешната страна на храмот е вѕидана надгробна плоча од мермер со грчки натпис. Во внатрешноста се чува мермерна плоча во облик на медалјон со релјефна претстава на три бисти, а во припратата има две стебла од столбови и дел од архитравна греда од мермер.[3] Објектот е изграден од камен и е покриен со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата се издига непосредно од левата страна на влезната порта од дворот на црквата. Таа е со квадратна основа и се состои од два дела. Долниот дел е изграден од камен и на јужната страна се наоѓа влезот на камбанаријата, а горниот дел е изграден од тули и на секоја негова страна има по една монофора.
Галерија
уреди-
Влезната врата на црквата
-
Апсидата
-
Камбанаријата
-
Помошниот објект
-
Селските гробишта
Поврзано
уреди- Црква Св. Атанас — археолошко наоѓалиште
- Сенокос
- Преспанско-пелагониска епархија
- Прилепско архијерејско намесништво
- Варошка парохија
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 19. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „Црква „Свети Атанасиј“, село Сенокос“. OldPrilep. 20 април 2012.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Атанасиј“ - Сенокос на Ризницата ?