Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Мусинци

црква во селото Мусинци

Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Мусинци.[1][2] Црквата е сместена во крајниот јужен дел од селото.

Рождество на Пресвета Богородица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Добрушевско-дедебалска
Местоположба

Карта

Координати 41°09′46.5″N 21°32′12.8″E / 41.162917° СГШ; 21.536889° ИГД / 41.162917; 21.536889
Место Мусинци
Општина Могила
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица Марија
Архитектонски опис

Архитектура

уреди

Градбата на црквата има правоаголна основа со три многуаголни апсиди на источната страна и осумаголна купола. На секоја страна од куполата има по една монофора. Главниот влез е сместен на западната страна до која е доградена припрата. Над влезната врата има полукружна ниша со фреска на која е прикажано Рождеството на Пресвета Богородица. Црквата има и два споредни влеза кои се наоѓаат на јужната страна. На јужната и северната страна има по две монофори. Источниот ѕид содржи една голема апсида во средина и две помали од страните.

Во дворот на црквата се сместени стариот објект на црквата, камбанаријата и селските гробишта. Стариот објект има правоаголна основа со апсида на источната страна. Изграден е од тули и содржи кровна конструкција сочинета од дрвени греди над која има кров од ќерамиди. Камбанаријата има квадратна основа и се издига непосредно пред влезот на црквата. Таа се состои од три дела, од кои најгорниот е отворен од сите страни. Изградена е од камени блокови.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Мусинци Архивирано на 25 ноември 2018 г.“. Мој Роден Крај.

Надворешни врски

уреди