Камена џамија (Дебреште)
џамија во селото Дебреште
Камена џамија — џамија во селото Дебреште.[1] Џамијата се наоѓа во средишниот дел од селото, во непосредна близина на црквата „Св. Ѓорѓи“ и Горна џамија.
Камена џамија | |
---|---|
Поглед на џамијата | |
Координати: 41°28′42.4″N 21°18′51.4″E / 41.478444° СГШ; 21.314278° ИГД | |
Место | Дебреште |
Општина | Општина Долнени |
Држава | Македонија |
Местоположба | |
Архитектура | |
Минариња | 1 |
Архитектура
уредиГрадбата на џамијата има четириаголна основа. Објектот е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Џамијата има едно минаре со многуаголна основа до шерефето и кружна основа над него. Дворот на џамијата е ограден со метална ограда.
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Камена џамија (Дебреште) на Ризницата ?