Слепченски манастир (Прилепско)
Слепченски манастир — манастир во средишниот дел на Македонија, на западните падини на планината Бабуна, во близина на селото Слепче.[1]
Конаците на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Слепченски манастир |
Други имиња | Манастир „Свети Никола“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Свети Никола |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Цркви | Црква „Св. Никола“ |
Личности | |
Место | |
Место | во близина на Слепче, Општина Долнени Македонија |
Координати | 41°30′09.5″N 21°27′53.5″E / 41.502639° СГШ; 21.464861° ИГД |
Видливи остатоци | една црква, конаци, чешма, стопански и помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Долненско-секиречка парохија) |
Историја
уредиМанастирот бил изграден во 1673 година од еромонахот Михаил, но од натписот на мермерната плоча во нишата на проскомодијата се забележуваат и имиња на други еромонаси и монаси.[2]
Градби
уредиВо склоп на манастирот влегуваат стопански дел, една црква, конаци, чешма и неколку помошни објекти. Стопанскиот дел се наоѓа непосредно од обете страни пред влезот на манастирот, а во него се одгледуваат овци и свињи. До дворот на манастирот води камена порта која неодамна била обновена, но од оштетениот фрескопис во нејзиниот сводест дел може да се заклучи дека таа има постара потекло. Во време кога манастирот бил во цутот на развојот, сводестиот дел бил целосно насликан со патронот на манастирот Свети Никола како замена средишно место на полукружната површина. На северната страна во дворот на манастирот се наоѓаат стари конаци. Тие се на два ката, со долг чардак во предниот дел и се надградени на карпестиот простор.[3]
Црква „Свети Никола“
уредиМанастирската црква е сместена во средишниот дел од источната половина на манастирскиот двор. Според натписот над влезот на црквата од внатрешната страна, таа била изградена и зографисана во 1674 година. Од натписот се забележува дека нејзини ктитори биле игуменот и еромонах Сергиј, еромонахот Никифор, монахот Кирил, монахињата Јаникија и други световни лица.[2] Градбата на црквата е еднокорабна и без апсида, а во поново време била доградена и припрата без живопис.[3]
Галерија
уреди-
Стопанскиот дел
-
Влезната порта од дворот на манастирот
-
Манастирската црква
-
Конак
-
Крст
-
Чешма
Поврзано
уреди- Слепченски манастир — манастир во близина на селото Слепче, Демирхисарско
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 А., Б.. „Манастир „Свети Никола“, село Слепче“. OldPrilep. 6 декември 2011.
- ↑ 3,0 3,1 Д., Т.. „Величието на црквата „Св. Никола“ во манастирот кај селото Слепче, Општина Долнени“. Пелагон. 27 април 2019.
Надворешни врски
уреди- Слепченски манастир (Прилепско) на Ризницата ?