Црква „Св. Теодор Тирон“ - Дреновци
Свети Теодор Тирон – главна селска црква во селото Дреновци.[1] Сместена е во средишниот дел на селото, во непосредна близина на основното училиште.
Свети Теодор Тирон
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Долненско-секиречка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°28′04.4″N 21°32′36.9″E / 41.467889° СГШ; 21.543583° ИГД |
Место | Дреновци |
Општина | Долнени |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Теодор Тирон |
Завршено | 1857 |
Живопис | 1883 |
Зограф | Коста, Вангел и Никола Атанасовиќ |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата била изградена во 1857 година, а била зографисана во 1883 година.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата е трикорабна, со правоаголна основа и полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со осум слепи ниши.[2] Храмот има влез на јужната страна над кој има ниша со фреска во лоша состојба. Кон западната страна е доградена припрата до која води влезна врата на источната страна. Објектот е изграден од варовник и е варосан, а покриен е со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата е живописана, а автори на фресокиписот се зографите Коста, Вангел и Никола Атанасовиќ од Крушево.[2]
Дворот на црквата е ограден со бетонска ограда и во него се сместени камбанаријата и селските гробишта. Камбанаријата е со квадратна основа и се состои од два дела. Долниот дел е изграден од камен, а горниот од тули. На секоја страна во горниот дел има по една монофора. Влезот на камбанаријата се наоѓа на западната страна.
Галерија
уреди-
Влезот на црквата
-
Влезот во припратата
-
Источната страна со апсидата
-
Фреска на Богородица Ширшаја
-
Натпис во црквата
-
Влезната порта од дворот на црквата
-
Камбанаријата
-
Селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Црква „Свети Теодор Тирон“, село Дреновци“. OldPrilep. 27 мај 2013.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Теодор Тирон“ - Дреновци на Ризницата ?