Дувало

вулканска образба во Охридско

Дувало или Коселска Чадилкачадилка, остаток од некогашниот активен вулкан кој се наоѓа во близина на селото Косел, во сливот на Коселска Река која се влева во Охридското Езеро.

Дувало
Коселска Чадилка
Дувало.jpg
Поглед на Дувало кај с. Косел, Охридско
Највисока точка
Надм. вис.740 м
Координати41°10′9″N 20°50′13″E / 41.16917° N; 20.83694° E / 41.16917; 20.83694Координати: 41°10′9″N 20°50′13″E / 41.16917° N; 20.83694° E / 41.16917; 20.83694
Географија
МестоКосел, Охридско
Геологија
ВидЧадилка
Вулкански лак/појасОхридско-Коселска Вулканска Област

Надморската висина на фумаролата е 740 метри. Тоа е кратер со пречник од 0,5 метри и длабина од околу 30 сантиметри од кој избива сулфур диоксид и јаглерод диоксид.[1] Мирисот на сулфур се чувствува во пречник од околу три километри. Дувало е заштитено како споменик на природата.[2]

Косел во поранешна Југославија во учебниците по географија за основно образование бил опишан како ретка геолошка појава, единствен активен вулкан на Балканот. Според Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, Дувало не е вулкан, тука немало излевање на магма, туку пукнатина од која излегуваат гасови.[1]

ИсторијаУреди

Солфатарата низ историјата станала култно место во Охридско. Поради лечење на кожни болести тука доаѓале луѓе и од другите оддалечени краеви на државата. Исто така, мештаните потврдуваат дека поради споменатиот сулфур во воздухот, селото било поштедено од маларични комарци и маларија, која била редовна појава во другите села.[3]

ГалеријаУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Се активира вулканот во Косел на семрежната страница на Нова Македонија
  2. Споменик на природата Дувало
  3. Трифуноски, Јован Ф. (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Београд: Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.

ЛитератураУреди

  • Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.
  • Повеќе автори (1968): Мала енциклопедија Просвета, Просвета, Београд; књига 1 (А-Љ)

Надворешни врскиУреди