ОУ „Живко Чинго“ - Велгошти

основно училиште во Македонија

Основно училиште „Живко Чинго“ (официјално: Централно основно училиште „Живко Чинго“ - Велгошти; скратено: ЦОУ „Живко Чинго“) — централно основно училиште во селото Велгошти.

Живко Чинго

Поглед на училиштето
Поглед на училиштето
Место
Општина: Општина Охрид
Наречено по: Живко Чинго
Нас. место: Велгошти
Адреса: с. Велгошти
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1878
Директор: Мирјана Крлеска[1]
Настава на: македонски
Контактни информации
Е-пошта ou_zcingo@yahoo.com
Телефон 046 288-347

Историја

уреди

Во летописната книга на тогашното основно училиште „Коле Неделкоски“ во 1960 година е наведено дека првото основно училиште во селото Велгошти било отворено во 1876 година. Наставата се изведувала на грчки јазик во пангарот на црквата „Св. Пантелејмон“. Како прв учител бил селскиот поп.[2]

Во 1878 година било отворено првото егзархиско училиште и била изградена училишна зграда, во рамки на црковниот двор.[2]

Откако училиштето, како и целото село, изгорело во Илинденското востание, наставата повторно се изведувала во црквата. Во периодот 1912-1915 година, наставата се спроведувала на српски јазик.[2]

Поголема училишна зграда била направена во 1922 година, која денес повеќе не постои, а се наоѓала на сретселото. Денешната зграда се градела во периодот 1927-1929.[2]

Од 1944 година, во училиштето се изведува настава на македонски јазик.[2]

Во 1953 година, училиштето го добило името на македонскиот поет и борец Коле Неделковски.[2]

Настава

уреди

Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Мирјана Крлеска нов директор на училиштето во Велгошти - Velgosti.com“. Посетено на 2019-12-22.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Ристески, Стојан (1982). Велгошти: прилог за монографија. Охрид: Месна заедница на Велгошти.

41°7′54″N 20°50′14″E / 41.13167° СГШ; 20.83722° ИГД / 41.13167; 20.83722