Древеник (планина)
Древеник или Древеничка Планина[1] — средновисока планина во областа Железник (Демирхисарско) во југозападна Македонија. Сместена е јужно од Бушева Планина и е одвоена од неа со долината на Црна Река. На запад, со реката Обедничица е одвоена од Плакенска Планина, а на југ со реката Шемница е одвоена од Облаковска Планина. Највисок врв е Кале (1.494 м) кој се издига недалеку од истоименото село Древеник, и на кој е сместено археолошко наоѓалиште — населба од доцната антика.[2]
Древеник | |
---|---|
Древеничка Планина | |
Предел на Древеник | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 1.494 м |
Матичен врв | Кале |
Друго име | Древеничка Планина |
Географија | |
Место | Македонија |
Област | Железник, југозападна Македонија |
Се протега во правец северозапад-југоисток во должина од 15 км; широчината и е 5-10 км, а површината зазема 109,3 км2[3]. Административно, планината се протега низ Пелагонискиот Регион, и тоа во општините Демир Хисар, Битола, Могила и Крушево.
Геологија
уредиПо геолошкиот состав, Древеник е сочинет од кристалести шкрилци и гранитоидни карпи. Во средишниот дел, со јасна раседна структура по долината на Чагорска Река, планината е поделена на северен повисок и јужен понизок дел. Во северниот дел се и највисоките врвови, и тоа највисокиот Кале (1.494 м), Стара Бука (1.451 м) и други.[3] Во геоморфолошки поглед, Древеник има многу засеци со поврзани долини, а поради геолошкиот состав е застапена силна ерозија и соголување во поново геолошко време.
Растителност
уредиСвојствена растителност на планината е исклучително ретката и загрозена шумска заедница на ситнолисната липа и буката (ass. Tilio cordatae-Fagetum).[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Шумски екосистеми, Студија за геодиверзитетот, стр. 402
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ 3,0 3,1 Група автори (2016). „Древеник“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 118. ISBN 978-9989-110-90-0.