Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Лознани
Свети Кирил и Методиј или Свети Ѓорѓи[1] — манастирска црква на Лознанскиот манастир.[2]
Свети Кирил и Методиј
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Ивањевска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°12′06.7″N 21°24′01.3″E / 41.201861° СГШ; 21.400361° ИГД |
Место | Лознани |
Општина | Могила |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Кирил и Методиј Свети Ѓорѓи |
Завршено | 1990 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата била изградена во 1990 година.[3]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна и осумаголна купола. Куполата содржи по една монофора на секоја од четирите страни со поголема површина. Црквата е изградена наизменично од камени и црвени тули, а покриена е со кров од ќерамиди. Влезот е сместен на западната страна и над него има две ниши, од кои првата е полулружна и содржи фреска на Свети Кирил и Методиј, додека втората над неа е кружна и содржи фреска на Богородица Марија. Северната и јужната страна од храмот содржат по една монофора. Внатрешноста на црквата е живописана, а на крајниот лев дел од иконостасот се наоѓа икона на која се прикажани Свети Кирил и Методиј и Свети Ѓорѓи.
Камбанаријата на црквата е сместена во манастирскиот двор. Таа има квадратна основа со по две вертикално поставени монофори на секоја страна. Изградена е од камен и тули, а покриена е со пирамидален кров од ќерамиди.
Галерија
уреди-
Поглед на црквата од север
-
Влезот на црквата
-
Црквата во зима
-
Иконостасот
-
Икона на Свети Кирил и Методиј и Свети Ѓорѓи
-
Живопис во куполата
-
Камбанаријата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Според кажување на домаќините во манастирот, забележале Кирил Симеоновски, Тони Ристовски, Нино Богдановски и Деан Лазаревски на 08.06.2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 12. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Лознани Архивирано на 1 април 2023 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Лознани на Ризницата ?