Самослик
Самослик или селфи (англиски: selfie) — своерачно снимена автопортрет-фотографија на која лицето кое се фотографирало себеси или себеси заедно со други лица држејќи фотоапарат, мобилен телефон односно паметен телефон. При фотографирањето мобилниот телефон или фотоапаратот не се испушта од рака.
Овој збор Оксфордскиот речник на англискиот јазик го прогласил за збор на годината во 2013 година. Поимот најчесто се поврзува со друштвените мрежи. Самосликните фотографии главно се неформални и спонтани, а најчесто се прават со фотографирање себеси во огледало или со сликање себеси (и други) држејќи го апаратот фокусиран на одреден кадар.
Историја
уредиРоберт Корнелиус ја снимил сопствената дагеротипија во 1839 година што воедно била и една од првите фотографии на лице. Како постапката била бавна, успеал да го открие објективот, да втрча во кадарот на минута или повеќе и потоа да го врати капачето на објективот. На задната страна запишал: Прва светлосна слика некогаш снимена (англ. The first light picture ever taken.)[1][2]
-
Првиот познат самослик го снимил Роберт Корнелиус во 1839 година
-
Жена пред огледало, околу 1900 година
-
Големата руска кнегиња Анастазија Николаевна, 1914 година
-
Едвин Олдрин на првиот самослик од вселената, 1966 година
Појавата на преносната фотографска кутија Кодак Брауни во 1900 година овозможила фотографското автопортретирање да стане раширена техника. Истото обично се изведувало со помош на огледало и со стабилизација на фотоапаратот. Големата руска кнегиња Анастазија Николаевна на возраст од 13 години бела една од првите тинејџерки која користејќи огледало во 1914 година направила своја сопствена слика за да ѝ ја испрати на пријателката. Во писмото со фотографијата напишала: „Ја направив сликава додека се гледам во огледало. Беше многу тешко затоа што ми се тресеа рацете.“[3]
Концептот на поставување групни сопствено снимени фотографии (денес познати и како суперсамослици) на семрежјето, иако со фотоапарат, а не со паметен телефон, потекнува од мрежна страница која ја изработиле Австралијанци, а која содржела фотографии снимени во доцните деведесетти години. Најраната употреба на англискиот збор selfie може да се пронајде веќе од 2002 година. Првпат се појавила на еден австралиски семрежен форум на 13 септември 2002 година.[4][5][6]
Популарност
уредиВо декември 2012 година магазинот Тајм истакнал дека зборот „селфи“ спаѓа меѓу десетте најчесто употребувани зборови кои се појавиле во 2012 година.Top 10 Buzzwords Според истражување од 2013 година две третини од Австралијанките на возраст од 18 до 35 години сликаат „самослик“ главно за да го објават на Фејсбук. Според анкета на производителот на мобилни телефони и камери Самсунг, 30% од сите фотографии снимени од лицата на возраст од 18 до 24 години се самослици.
Наводи
уреди- ↑ „Robert Cornelius' self-portrait: The First Ever "Selfie" (1839)“. The Public Domain Review. Open Knowledge Foundation. Архивирано од изворникот на 2014-02-11.
- ↑ „Robert Cornelius, self-portrait; believed to be the earliest extant American portrait photo“. Prints & Photographs Online Catalog. Library of Congress.
- ↑ „Diaries and Letters – Letters of Grand Duchess Anastasia“.
- ↑ „bogon.8m.com SelfPix“. Архивирано од изворникот на 2004-04-13. Посетено на 2015-12-24.
- ↑ „bogon.8m.com Out & About“. Архивирано од изворникот на 2001-10-11. Посетено на 2015-12-24.
- ↑ „bogon.8m.com Bogons“. Архивирано од изворникот на 2001-09-28. Посетено на 2015-12-24.
Надворешни врски
уреди„Самослик“ на Ризницата ? |
- Selfie Архивирано на 23 ноември 2013 г. Oxford English Dictionary