Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Трновци
Рождество на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Трновци.[1] Црквата е сместена во крајниот југозападен дел од селото.
Рождество на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Ивањевска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°14′47″N 21°19′50″E / 41.24639° СГШ; 21.33056° ИГД |
Место | Трновци |
Општина | Могила |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Завршено | 1883 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата е изградена во 1883 година, а била обновена по Првата светска војна во 1926 година, како и во 1980 година.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез е сместен од западната страна, а на јужната има спроеден влез. Пред обата влеза има натстрешница. Во горниот дел од јужниот и северниот ѕид има по четири залачени прозорци со иста големина кои се поставени во линија. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди. Со кров од ќерамиди се покриени и натстрешниците, додека апсидата е покриена со лимен кров.
Во дворот на црквата се наоѓаат камбанаријата, помошен објект, селските гробишта и базен за верски обреди. Камбанаријата е сместена во непосредна близина на главниот влез, од неговата страна. Таа има квадратна основа и е покриена со пирамидален кров од ќерамиди. Влезот е сместен на источната страна а над него се изрежани имињата на лицата заслужни за нејзината изградба. Во горниот дел на скоја страна од камбанаријата има по една бифора.
Галерија
уреди-
Северната страна на црквата
-
Црквата со камбанаријата
-
Црквата со базенот за верски обреди
-
Главниот влез на црквата
-
Камбанаријата
-
Резбата со имиња на камбанаријата
-
Помошниот објект
-
Ѕид на помошниот објект
-
Селските гробишта
-
Гробови во дворот на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 12. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Трновци Архивирано на 25 ноември 2018 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
уреди- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Трновци на Ризницата ?