Јасна Ристеска

партизанка

Јасна Ристеска (7 ноември 1927 во Рамне7 ноември 1944 во м.в. Чекоштина) — македонска партизанка, учесник во НОВ.

Јасна Ристеска
Роденаа 7 ноември 1927
Рамне, Кралство СХС
Починалаа 7 ноември 1944(1944-11-07) (возр. 17)
м.в. Чекоштина, Охридско
Занимање партизанка

Животопис

уреди
 
Спомен-биста на Јасна Ристеска во нејзиното родно село

Јасна е родена на 7 ноември 1927 година во охридското село Рамне, во семејството на Методи Ристески. Немала браќа и сестри и била крстена во манастирот „Св. Петка“ во селото Велгошти. Многу мала останала сирак, кога ја изгубила мајка ѝ и за нејзе се грижела маќеата Менка. По смртта на Јасна и завршувањето на Втората светска војна, семејството добило пет сина.[1]

Се школувала до четврто одделение во селското училиште, а на 15-16 години започнала да работи како слугинка кај тогашниот градоначалник на Охрид, Анастас Чорбев. Иако била ситна на изглед поседувала силен карактер. Во партизанското движење се приклучила заедно со другарките Јорде Серафимова и Благунче.[1]

Загинала на 7 ноември 1944 година, кога партизаните се спуштале од планината Караорман, кои се упатувале кон градот Охрид за истиот да го ослободат од окупаторските сили. Нивното движење било забележано од германската војска на ридот Чекоштина при што биле нападнати со минофрлач од калето. Јасна во обид да му помогне на ранет другар била разнесена од граната.[1]

Телото на Јасна, заедно со телата на тројца други загинати партизани, со дрвени воловски коли биле пренесени во дворот на црквата „Св. Богородица Каменско“. Јасна била препознаена од маќеата Менка. Подоцна била погребена во семејната гробница во селото Рамне.[1]

Именување

уреди

Денес, во нејзина чест е именувана охридската детска градинка, како и здружението на рамненци во Сиднеј, Австралија.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Во пресрет на 7 Ноември - Денот на ослободувањето на Охрид, сеќавања за Јасна Ристеска“. www.publicitet.mk. Архивирано од изворникот на 2019-12-12. Посетено на 2019-12-12.