Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Костинци
Рождество на Пресвета Богородица — црква во селото Костинци.[1] Сместена е во крајниот северен дел од селото, на десната страна од патот кој продолжува до соседното село Долгаец. Црквата е прогласена за споменик на културата.
Рождество на Пресвета Богородица
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Долненско-секиречка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°30′17.4″N 21°24′22.2″E / 41.504833° СГШ; 21.406167° ИГД |
Место | Костинци |
Општина | Долнени |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Завршено | 1624/1625 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата била изградена во 1624/1625 година. Од натписот над влезната врата во внатрешноста на црквата се дознава дека ктитори кои ја подигнале црквата биле поп Стојко, Милош и Коста од блиското село Стровија. Денешниот изглед се должи на неколку фази на изградба. Во првата фаза од 1624/1625 година, храмот е подигнат како мала еднокорабна црква со полукружен свод и тристрана апсида на источната страна. Во XVII век, црквата била проширена од западната страна, така што добила припрата и трем.[2] Неодамна откриената мермерна плоча од 1918 година — напишана на македонски јазик со кирилско писмо — сведочи дека камбанаријата ја подариле браќата Костадин и Стојче Димоски.
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со мала многуаголна апсида на источната страна над која има полукружна фреска. Влезот на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е прикажано Рождеството на Пресвета Богородица. Ниша со фреска на Богородица со Исус има и на јужниот ѕид. Кон дел од јужната страна бил дограден помошен објект, а на неговиот јужен крај се издига камбанаријата. Таа има квадратна основа и на секоја страна во горниот дел има по една монофора.
Дворот на црквата е ограден со ограда од бетонски тули и во него се сместени селските гробишта.
Живопис
уредиЦрквата е живописана во сите нејзини делови. Живописот во наосот се состои од два слоја кои потекнуваат од XVII и XIX век, додека во припратата се среќава живопис од XVII, XVIII и XIX век.[2] Фрескописот бил изработен од околни зографи, кој се истакнува со своите уметнички дострели, а исто така во црквата има и ретки дрвени икони од почетокот на XIX век. Иконите на Исус Христос, на апостолите и на Богородица ја потврдуваат големата уметничка вредност, a фрескописот го отсликува Исусовиот пат од неговото создавање, страдање па сè до распетието и неговото воскреснување.
Галерија
уреди-
Северната и источната страна
-
Западната страна
-
Влезната врата
-
Апсидата
-
Јужната страна
-
Нишата на јужната страна
-
Фрескоживописот во внатрешноста (XVII век)
-
Натпис над фрескоживописот во внатрешноста (XVII век)
-
Фрескоживописот над влезната врата (XIX век)
-
Стари дрвени икони во црквата
-
Детал од фрескоживописот во внатрешноста (XVII-XVIII век)
-
Поглед на иконостасот и фрескоживописот на северниот ѕид
-
Поглед на иконостасот и фрескоживописот на јужниот ѕид
-
Иконостасот во внатрешноста на црквата
-
Фрескоживописот во внатрешноста (XVII-XVIII век)
-
Фрескоживописот во внатрешноста (XVIII век)
-
Влезната порта од дворот на црквата
-
Помошниот објект со камбанаријата
-
Камбанаријата
-
Селските гробишта
-
Гробови во дворот на црквата
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „Црква „Света Богородица“, село Костинци“. OldPrilep. 25 февруари 2012.
Надворешни врски
уреди- Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Костинци на Ризницата ?