Црква „Св. Кузман и Дамјан“ - Пештани

црква во селото Пештани

Свети Кузман и Дамјан (поретко како Свети Врачи) — главна селска црква во охридското село Пештани.[1] Во црковниот двор се наоѓаат и селските гробишта на Пештани.

Свети Кузман и Дамјан

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Пештанска
Местоположба

Карта

Координати 41°0′53.45″N 20°48′37.56″E / 41.0148472° СГШ; 20.8104333° ИГД / 41.0148472; 20.8104333
Место Пештани
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Кузман и Дамјан
Изградба 1844
Живопис 1944
Зограф Рафаил Крстов со синовите Крсте и Владимир
Архитектонски опис

Црквата претставува главен парохиски храм на Пештанската парохија.[2]

Местоположба

уреди

Црквата е сместена во јужниот дел на селото Пештани.[3] Се наоѓа зад првиот ред куќи покрај регионалниот пат Охрид-Свети Наум.

Историја

уреди

Црквата е возобновена во 1844 година.[2] Се верува дека на ова место се наоѓала црквата „Св. Богородица Одигитрија“ (Патеводителка), која е спомената во натписот од црквата „Св. Константин и Елена“ во Охрид.[3] Археолошките остатоци од оваа стара црква се познати како Црквиште.

Архитектура

уреди

Била градена од кршен камен, кој бил обработен на вратите и прозорците. Венецот е изграден од бигор. Црквата поседува седумстрана апсида.[3]

Од надворешна страна бил дограден трем со дрвена конструкција.[3]

Фрескоживопис

уреди

Црквата го добила својот живопис во 1944 година од страна на зографот Рафаил Крстов со синовите Крсте и Владимир од Лазарополе, додека олтарот и пантократот биле фрескоживописани во 1997 година од страна на уметникот Драган Ристески од Охрид.[2]

Иконостас

уреди

Црквата поседува иконостас, каде се наоѓаат 17 новонасликани икони. Сепак, истиот поседува и вредни икони, кои се евидентирани од страна на Управата за заштита на културното наследство.[3]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 45. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. www.dke.org.mk. Посетено на 2020-01-18.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Wayback Machine“. web.archive.org. 2017-07-29. Архивирано од изворникот на 2017-07-29. Посетено на 2020-01-18.

Надворешни врски

уреди