Црква „Св. Јован Крстител“ - Беранци
манастирска црква на Беранечкиот манастир
Свети Јован Крстител — манастирска црква на Беранечкиот манастир.[1]
Свети Јован Крстител
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Беранечка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°09′19.2″N 21°20′48.2″E / 41.155333° СГШ; 21.346722° ИГД |
Место | Беранци |
Општина | Могила |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Јован Крстител |
Осветување | 2 август 1879 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиЦрквата била осветена на 2 август 1879 година, поточно на верскиот празник Илинден. Од фрескописот во внатрешноста на црквата се забележува дека истата била обновена во 1979 година.
Архитектура
уредиГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола, многуаголна апсида и многуаголни крила. На секоја страна од куполата има по една монофора. Влезот на црквата е сместен на јужната страна и над него има застаклен дел во кој има фреска на која е прикажан Јован Крстител. Внатрешноста е живописана, а иконостасот содржи икони во три реда.
Галерија
уреди-
Влезот на црквата
-
Иконостасот
-
Фрескопис со податоци за обновата
-
Фрескопис со податоци за мајсторите
-
Апсидата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 10. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Јован Крстител“ - Беранци на Ризницата ?