Црква „Св. Димитриј“ - Путурус
Свети Димитриј — главна селска црква во селото Путурус.[1] Црквата е сместена во крајниот источен дел од селото, на возвишение кое ѝ дава доминантна местоположба во однос на остатокот од селото.
![]() ![]() Свети Димитриј
| |
![]() Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Добрушевско-дедебалска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°08′07.8″N 21°31′56.9″E / 41.135500° СГШ; 21.532472° ИГДКоординати: 41°08′07.8″N 21°31′56.9″E / 41.135500° СГШ; 21.532472° ИГД |
Место | Путурус |
Општина | Могила |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Димитриј Солунски |
Завршено | 1880 |
Архитектонски опис |
Историја Уреди
Црквата била изградена во 1880 година.[2]
Еден дел од црквата бил обновен пред околу сто години.[3]
Архитектура Уреди
Градбата на црквата има правоаголна основа. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а на јужната страна има спореден влез. Над обата влеза има ниша со фреска. Објектот во целост е обоен во бела боја со исклучок на цоклето, рабовите и рамките околу влезните врати кои се бледосини.
Во дворот на манастирот се сместени камбанаријата, помошен објект и селските гробишта. Камбанаријата се наоѓа од левата страна пред главниот влез на црквата. Таа има квадратна основа и нејзиниот влез е од јужната страна.
Галерија Уреди
-
Западната страна на црквата
-
Камбанаријата
-
Помошниот објект
-
Селските гробишта
Поврзано Уреди
Наводи Уреди
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 14. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Путурус“. Мој Роден Крај.
- ↑ Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
Надворешни врски Уреди
- Црква „Св. Димитриј“ - Путурус на Ризницата ?