Горна џамија (Црнилиште)

џамија во селото Црнилиште

Горна џамијаџамија во селото Црнилиште.[1] Џамијата се наоѓа во западниот дел од селото, поточно во Горно маало.

Горна џамија

Поглед на џамијата

Координати: 41°31′50.7″N 21°24′44″E / 41.530750° СГШ; 21.41222° ИГД / 41.530750; 21.41222
Место Црнилиште
Општина Општина Долнени
Држава Македонија
Местоположба

Карта

Архитектура
Минариња 1

Архитектура

уреди

Градбата на џамијата има четириаголна основа и се состои од приземје и два ката. Покривниот дел содржи една голема осумаголна купола со полутопчест метален кров и уште три помали куполи. На секој агол од покривниот дел има по едно мало украсно минаре. Џамијата има едно минаре коешто се издига над големата купола. Минарето е со многуаголна основа и има две шерефиња. Дворот на џамијата е ограден со метална ограда и во него има шадрван.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 83. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди