Црква „Св. Троица“ - Долнени

црква во селото Долнени

Света Троица – гробјанска црква во селото Долнени.[1] Сместена е во крајниот северен дел од селото, на височина којашто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.

Света Троица

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Прилепско
Парохија Долненско-секиречка
Местоположба

Карта

Координати 41°25′53.3″N 21°27′02″E / 41.431472° СГШ; 21.45056° ИГД / 41.431472; 21.45056
Место Долнени
Општина Долнени
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свето Тројство
Архитектонски опис

Архитектура

уреди

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Влезот на црквата се наоѓа на западната страна и над него има празна полукружна ниша. На јужната и северната страна од храмот има по два прозорци. Од источниот ѕид над апсидата и од влезот се забележува дека објектот е изграден од тули.

Во дворот на црквата има трпезарија и во него се наоѓаат селските гробишта.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди