Црква „Св. Ѓорѓи“ - Вашарејца
Свети Ѓорѓи — главна селска црква во селото Вашарејца.[1] Црквата е сместена на рид над селото и железничката пруга.[2]
Свети Ѓорѓи
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Беранечка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°10′29.5″N 21°24′11.2″E / 41.174861° СГШ; 21.403111° ИГД |
Место | Вашарејца |
Општина | Могила |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Георги |
Изградба | 1862 |
Завршено | 1883 |
Архитектонски опис |
Историја
уредиИзградбата на црквата започнала во 1862 година, а истата завршила во 1883 година, во време кога началници во селото биле Ристе, Божин, Богдан, Илија и Георги Власак од родот Власковци; како и Петко, Трпче, Стојан, Коле и Ангел. Се претпоставува дека на 300 метри од црквата имало латински манастир. На тоа место се пронајдени мермерни камења, од кои некои се пренесени во црквата и денес стојат на самата нејзина врата. Тоа место кое сега е утрина (пасиште) и е наречено Манастириште.[2]
Архитектура
уредиГрадбата на црквата има правоаголна основа со украсена многуаголна апсида на источната страна. Влезот на црквата се наоѓа на јужната страна и над него има ниша со фреска на која е прикажан Свети Георги. Објектот е изграден од камен и е варосан, а во целост е покриен со кров од ќерамиди. Кон западната страна на црквата е дограден помошен објект. Дворот на црквата е ограден со метална ограда и во него се сместени камбанаријата, базен за верски обреди, железен крст и селските гробишта. Камбанаријата се издига на бетонски темел со квадратна основа и претставува отворена метална конструкција, заградена со ниска метална ограда во долниот дел и покриена со лимен пирамидален кров. Железниот крст се наоѓа на самиот врв на ридот на кој е сместена црквата и истиот е висок околу 15 м.[2] Крстот бил осветен на 24 јули 2016 година.
Живопис
уредиВнатрешноста на црквата е целосно живописана со фрескоживопис кој содржи доста ретки и занимливи прикази на четворицата јавачи и апокалипсата, страшниот суд, пеколот и други мотиви од Библијата.[2]
Галерија
уреди-
Дворот на црквата
-
Влезот на црквата
-
Апсидата
-
Помошниот објект
-
Фреска со четворицата јавачи и апокалипсата
-
Натпис со податоци за изградбата
-
Фреска со Исус Христос
-
Фрескопис на западниот ѕид со натпис за изградбата
-
Камбанаријата
-
Железниот крст
-
Базенот за верски обреди
-
Селските гробишта
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 10. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Вашарејца Архивирано на 29 јуни 2020 г.“. Мој Роден Крај.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Ѓорѓи“ - Вашарејца на Ризницата ?