Небреговски манастир
Небреговски манастир — манастир во средишниот дел на Македонија, на западните падини на планината Бабуна, во близина на селото Небрегово.[1]
Дворот на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Небреговски манастир |
Други имиња | Манастир „Свети Јован Крстител“ |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Посветен на | Свети Јован Крстител |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Цркви | Црква „Св. Јован Крстител“ |
Личности | |
Место | |
Место | во близина на Небрегово, Општина Долнени Македонија |
Координати | 41°27′40.6″N 21°34′13.4″E / 41.461278° СГШ; 21.570389° ИГД |
Видливи остатоци | една црква, конак, археолошко наоѓалиште |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Варошка парохија) |
Историја
уредиМанастирот бил изграден со подигнувањето на манастирската црква и пвиот дел од конакот во 1970 година.[2]
Градби
уредиВо склоп на манастирот влегуваат една црква, конак и археолошко наоѓалиште.
Конак
уредиМанастирскиот конак се состои од два споени дела во јужниот и западниот дел од дворот на манастирот. Неговата изградба била поттикната од Пере Јончески и Миле Младеноски од селото Небрегово. Првиот дел од конакот бил изграден во 1970 година, а потоа неколкукратно бил доградуван и конечно бил довршен во 1992 година, кога и бил осветен. Западниот дел бил довршен во текот на 2010-тите години.[2]
Црква „Свети Јован Крстител“
уредиЦрквата била изградена во 1970 година по барање на селскиот црковен одбор на место каде што во минатото се наоѓала постара црква. Темелите на новоизградената црква биле осветени на 17 мај 1992 година. Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна.[2]
Археолошко наоѓалиште
уредиАрхеолошкото наоѓалиште се наоѓа источно од манастирската црква, непосредно од десната страна на влезот од дворот на манастирот. На ова место се остатоци од базилика градена од кршен камен и варов малтер.[3]
Галерија
уреди-
Дворот на манастирот
-
Манастирската црква
-
Западниот дел од конакот
-
Археолошкото наоѓалиште Манастириште
Наводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 19. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Манастир „Свети Јован Крстител“, село Небрегово“. OldPrilep. 25 мај 2012.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
Надворешни врски
уреди- Небреговски манастир на Ризницата ?