Црква „Св. Стефан“ - Шипокно
Свети Стефан, попозната како Свети Стефан Панцир — македонска пештерна црква, која се наоѓа во охридското село Шипокно, веднаш над населбата Свети Стефан.[1] Црквата претставува главна манастирска црква на Шипокничкиот манастир.
Свети Стефан
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Охридско |
Парохија | Втора охридска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°4′25.86″N 20°48′15.5″E / 41.0738500° СГШ; 20.804306° ИГД |
Место | Шипокно |
Општина | Охрид |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Стефан |
Изградба | XIII век |
Живопис | XV век |
Архитектонски опис |
Местоположба
уредиЦрквата е сместена во атарот на селото Шипокно, веднаш над регионалниот пат Охрид-Свети Наум, над последните градби од новата туристичка населба Свети Стефан. За да се дојде до нејзе треба да се сврти лево од патот за Свети Наум и да се продолжи над синдикалното одморалиште „Орце Николов“.[2]
Историја
уредиСе верува дека била подигната во текот на XIII век.
Архитектура
уредиЦрквата е полуоблесто соѕидана во шуплина на карпа.
Фрескоживопис
уредиСвојот живопис го добила во XIV век и XV век,[3] благодарение на помошта на широк круг ктитори од Охрид и од околните села. На ова укажува натписот испишан во нишата на ѓаконикот од кој се дознава дека дарители биле граѓаните од Велики Варош односно од градот Охрид и луѓето од соседните села: Шипокно, Горица и Коњско.[4]
Внатрешноста на пештерната црква е исликана со извонреден фрескоживопис, но тој е во голема мера оштетен. Во долната зона на апсидниот простор е насликана Света Богородица со малиот Христос пред себе. Од црковните светители се насликани „Св. Василиј Велики“, „Св. Јован Златоуст“ и „Св. Атанасиј Александриски“. Извонреден е ликот на патронот кому му е посветена оваа пештерна црква. Архиѓаконот и првиот христијански маченик Стефан, насликан во нишата на жртвеникот. Големата композиција Дејзис или кај народот позната како „Второто пришествие Христово“ е насликана на северниот ѕид, а до неа е насликана најпочитуваната светителка Света Петка. Од она што денес останало, според општиот цртеж на фигурите, карактеристичната обработка на формите со слободни потези и сочниот нанос на боите, ова сликарство го прават најблиско до црквата посветена на Сите Светители во селото Лешани, недалеку од Охрид и поради тоа се чини дека оваа пештерна црква е живописана пред самиот крај на шестата деценија на XV век, кога веќе се насетувала промената во начинот на работата на охридските уметници.[2]
Иконостас
уредиЦрквата поседува иконостас.
Галерија
уреди-
Фреска на Богородица
-
Фрески на два светитела во внатрешноста на црквата
-
Око на Провидението, икона во црквата
-
Иконостасот во црквата
-
Влезот
-
Камбанаријата
-
Поглед на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 45. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „Пештерна црква Свети Стефан - Панцир“. www.macedonium.org. Посетено на 2020-01-22.
- ↑ Г. Ангеличин-Жура, Пештерните цркви во Охридско-Преспанскиот регион /Р Македонија, Р. Албанија, Р. Грција), Струга 2004
- ↑ Subotić, Gojko (1980). Ohridskata slikarska škola od XV vek. Zavod za zaštita na spomenicite na kulturata.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Стефан“ - Шипокно на Ризницата ?