Бенгалски календар
Бенгалски календар (бенгалски: বঙ্গাব্দ ) — месечево-сончев календар кој се користи во областа Бенгал на Индискиот Потконтинент, како национален во Бангладеш и како месен во Индија (сојузните држави Западен Бенгал, Трипура и Асам).
Бенгалската ера се нарекува бенгали самбат (б.с. или BS)[1] или бенгалска година (বাংলা সন бангла сон, বাংলা সাল бангла сал или бангабда)[2]. Нултата година според овој календар почнува во 593/4 г. од нашата ера според грегоријанскиот календар.
Календарот е усвоен како национален календар на Бангладеш во 1987 г., но во преработен облик[3][4]. Бенгалците во Индија го користат во традиционален облик како верски календар за хиндуистичките празници.[5]
Организација
уредиМесеци
уредиМесец | Бенгалски | Денови (Индија) |
Денови (Бангладеш по 1987 г.) |
Годишно време | Месец (грегоријански) |
Месец (санскрит, хиндуистички викрамски месечев) |
---|---|---|---|---|---|---|
бојшак | বৈশাখ | 30,950 | 31 | গ্রীষ্ম (гришо) лето |
април – мај | вајшака |
џјојшто | জ্যৈষ্ঠ | 31,429 | 31 | мај – јуни | џјешта | |
ашар | আষাঢ় | 31,638 | 31 | বর্ষা (борша) дождовно/монсунско |
јуни - јули | ашада |
шрабон | শ্রাবণ | 31,463 | 31 | јули - август | шравана | |
бадро | ভাদ্র | 31,012 | 31 | শরৎ (шорот) есен |
август - септември | бадра |
ашин | আশ্বিন | 30,428 | 30 | септември - октомври | ашвина | |
картик | কার্তিক | 29,879 | 30 | হেমন্ত (хемонто) суво |
октомври - ноември | картика |
огрохајон | অগ্রহায়ণ | 29,475 | 30 | ноември - декември | аграхајана | |
поуш | পৌষ | 29,310 | 30 | শীত (шет) зима |
декември - јануари | пауша |
маг | মাঘ | 29,457 | 30 | јануари - февруари | мага | |
фалгун | ফাল্গুন | 29,841 | 30 / 31 | বসন্ত (бошонто) пролет |
февруари - март | палгуна |
чојтро | চৈত্র | 30,377 | 30 | март - април | чајтра |
Денови
уредиБенгалскиот календар има седумдневна седмица како многу други календари. Деновите во седмицата се наречени според божествените небесни тела наречени наваграси (নবগ্রহ нобогрохо). Денот почнува и завршува во утрината, за разлика од грегоријанскиот, каде почнува на полноќ.
Се смета дека могулскиот цар Акбар Велики во 1584 г. вовел посебни имиња за секој ден од месецот, но ова се покажало непрактично, па неговиот внук Шах Џахан ја вовел седумдневната седмица со почеток во недела, по пример на грегоријанскиот календар.[4]
Ден | Бенгалски | Божество / небесно тело | Ден (македонски) |
Ден (санскрит) |
---|---|---|---|---|
робибар | রবিবার | Роби / Сонце | недела | равивасара |
шомбар | সোমবার | Сом / Месечина | понеделник | сомавасара |
монголбар | মঙ্গলবার | Монгол / Марс | вторник | мангалавасара |
будбар | বুধবার | Буд / Меркур | среда | будавасара |
брихошпотибар | বৃহস্পতিবার | Брихоспоти / Јупитер | четврток | браспативасара |
шукробар | শুক্রবার | Шукро / Венера | петок | шукравасара |
шонибар | শনিবার | Шони / Сатурн | сабота | шанивасара |
Традиционална наспроти преработена варијанта
уредиДенешниот бенгалски календар во Индија се заснова на санскритскиот спис Сурја сиданта и ги користи старите имиња на месеците.[3] Има големи сличности со хиндуистичкиот календар поради заедничката вероисповед.[3]
Во Бангладеш истиот е преработен во 1966 г. од страна на одбор на чело со Мухамед Шахидула. Решено е првите пет месеци да траат 31, а остатокот по 30 дена (додавајќи му по еден ден на фалгун во престапна година).[3] Овој преработен календар е официјално усвоен од државата во 1987 г.[3][4]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Ratan Kumar Das (1996). IASLIC Bulletin. Indian Association of Special Libraries & Information Centres. стр. 76.
- ↑ Nitish K. Sengupta (2011). Land of Two Rivers: A History of Bengal from the Mahabharata to Mujib. Penguin Books India. стр. 96–98. ISBN 978-0-14-341678-4.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Kunal Chakrabarti; Shubhra Chakrabarti (2013). Historical Dictionary of the Bengalis. Scarecrow. стр. 114–115. ISBN 978-0-8108-8024-5.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Syed Ashraf Ali (2012). „Bangabda“. Во Sirajul Islam; Ahmed A. Jamal (уред.). Banglapedia: National Encyclopedia of Bangladesh (II. изд.). Asiatic Society of Bangladesh.
- ↑ Kunal Chakrabarti; Shubhra Chakrabarti (2013). „Calendar“. Historical Dictionary of the Bengalis. Scarecrow Press. стр. 114–5. ISBN 978-0-8108-8024-5.
Литература
уреди- Kim Plofker (2009). Mathematics in India. Princeton University Press. ISBN 978-0-691-12067-6.
Надворешни врски
уреди- Бенгалски календар — официјален портал
- Страница за бенгалскиот календар според Вишуда сиданта панџика
- Бенгалски календар: Потекло на бенгалската нова година и чествувањето на Пахала бајшак
- Претворање на бенгалски датуми