Ирански календар
Ирански календар (персиски: سالنمای هجری خورشیدی), познат и како Персиски или Џалалов календар, сончев календар кој денес се користи во Иран и во Авганистан. Почнува секоја година на пролетна рамнодневница точно одрена со астрономски набљудувања од Техеран (околу 52,5° ИГД, по кој е определено и Иранското стандардно време) и на Кабул, што го прави поточен од грегоријанскиот календар, но и потешко е да се определи кога ќе биде некој одреден датум. Календарот е воведен во селџучкиот султан Џалал ел Дин Малик шах I на 15 март 1079 година, врз основа на препорака од комитетот на астрономи, помеѓу кои бил и Омар Хајам, во царската опсерваторија во приестолнината Исфахан.[1] Календарот поседувал најточно пресметана сончева година во тоа време, пресметувања на месеците се базирале врз поминувањето на Сонцето низ хороскопот, со што се интегрирани идеите од Сурија сидханта (Индија од 4 век од н.е.). Од 1258 година биле вклучени и некои идеи од Кинеско-ујгурскиот календар. Календарот бил во употреба осум векови во непроменета состојба, сè додека не е ревидиран во 1925 година, со повелбата на иранскиот Меџлис за да би имал поправилни должини на месеците.
Наводи
уреди- ↑ „Omar Khayyam“. The MacTutor History of Mathematics archive.