31 јули
датум
<< | јули | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | |||
2024 |
31 јули — 212-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (213-и во престапна година). Остануваат 153 денови до крајот на годината.
Настани:
904 | Солун бил освоен и уништен од Арапите. Околу 20.000, претежно млади, биле одведени во ропство. |
1498 | Кристифор Колумбо, на своето трето патување во Новиот Свет, го открива островот Тринидад, а потоа за првпат стапна на брегот на Јужна Америка. |
1908 | По победата на Младотурската револуција, Јане Сандански упатува „Манифест до сите народности во Османлиското Царство“. |
1941 | Германскиот рајхсмаршал Херман Геринг му дава писмена директива на шефот на полицијата Рајнхард Хајдрих да направи нацрт-план за отстранување на Евреите од Европа. |
1945 | Пјер Лавал, водачот на Вишиевска Франција, е уапсен од сојузничките војници во Австрија. |
1954 | Италијанска експедиција предводена од Ардито Десио прва го освојува врвот „Годвин Остин“, попознат како К2, на Каракорум, кој со своите 8.611 метри, е втор највисок врв на Земјата. |
1964 | Американската вселенска сонда „Ренџер 9“ ги емитува на Земјата првите снимки од темната страна на Месечината. Овој успех научниците го оценија како најголем дострел на астрономијата по Галилео Галилеј. |
2006 | На Куба Фидел Кастро му ја предава власта на својот брат Раул Кастро. |
Родени:
1704 | Габриел Крамер — швајцарски математичар. |
1800 | Фридрих Велер — германски хемичар. |
1912 | Милтон Фридман — американски економист, добитник на Нобеловата награда. |
1919 | Примо Леви — италијански писател. |
1929 | Хосе Сантамарија — уругвајско-шпански фудбалер. |
1944 | Роберт Мертон (економист) — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1997 година. |
1958 | Бил Бери — американски рок-музичар. |
1965 | Џоан Роулинг — шкотска писателка — автор на книгите „Хари Потер“. |
1969 | Антонио Конте — италијански фудбалер и тренер. |
1986 | Евгени Малкин - руски хокеар. |
1987 | Мајкл Бредли — американски фудбалер. |
1989 | Викторија Азаренка — белоруска тенисерка. |
Починале:
1784 | Дени Дидро — француски филозоф. |
1849 | Шандор Петефи — унгарски поет. |
1886 | Франц Лист — унгарски пијанист и композитор. |
1907 | Пандо Кљашев — македонски револуционер. |
1944 | Антоан де Сент Егзипери — француски писател и воздухопловец. |
1986 | Теди Вилсон — американски џез-музичар. |
1988 | Андре Навара — француски виолончелист. |
2001 | Тахир Синани — поранешен член на ОНА. |
2001 | Бурим Хусеини — поранешен член на ОНА. |
2009 | Боби Робсон — англиски фудбалер и тренер. |
2017 | Жана Моро — француска глумица. |
2019 | Харолд Принс — американски продуцент и режисер. |