Отвори го главното мени
Борбениот пат на Козјачкиот партизански одред

Козјачкиот партизански одред (месност Студена Вода, Кумановско, 12 октомври 1941Малотино, 17 октомври 1941) бил една од четирите партизански одреди во Македонија во 1941 година. Заедно со Карадачкиот партизански одред тој е прв партизански одред од Куманово. Бил формиран од 25 борци. Командант на одредот бил Љубомир Здравковски - Гачо, а политички комесар Киро Нацев - Фетак.[1]

Борбениот пат на одредотУреди

 
Споменик во Студена вода, Кумановско, на местото на формирање на одредот

Зборно место на Одредот била месноста Студена Вода, пет километри источно од Куманово. Оттаму, Одредот пристигнал на планинскиот врв Китка, на планината Козјак на 13 октомври. За време на маршот, ноќта помеѓу 12 и 13 октомври, неколку борци го напуштиле одредет, а тешко се разболел командантот на одредот, Љубомир Здравковски - Гачо, поради што бил оставен на лекување кај еден селанец во Четирце, заедно со Христијан Тодоровски за да му помага, и четворица други борци.[2] На 15 октомври одредот одржал митинг во селото М'гленце, а на 16 октомври извршил напад во манастирот Свети Прохор Пчињски. Полицајците кои биле во манастирот, пред нападот побегнале.[3]

Откако одредот дошол во реонот на селото Молотино, по предавството на селскиот кмет во Молотино, бугарската војска на 17 октомври го нападна одредот и по неколкучасовна борба го разбил. Неколку борци загинале, неколкумина успеале да се пробијат, а поголемиот дел биле заробени. Во борбата загинуваат Стојан Георгиевски – Тане и Васе Гелев, а при спроведувањето на заробените партизани е убиен Димче Јовчев Величковски – Еребица. Непријателскиот обрач го пробиле Киро Нацев – Фетак, Боро Божиновски – Прцан и Среќко Петрушевски – Пужањка. Заробени биле и спроведени во Куманово: Михаило Мургашански, Боро Јовчевски – Суџук, Филимена Михајлова, Киро Менков, Герасим Димковски – Чвор, Тошо Ангеловски – Ѕидар и Салтир Путински.[4][5] Заробените партизани на 8 ноември 1941 година се изведени пред суд при што им се изречени пет смртни пресуди и четири казни затвор.

Борци во одредотУреди

 
Споменик во Молотино, Кумановско, на местото каде што е разбиен Козјачкиот партизански одред

Во состав на одредот биле следните борци:[6]

НаводиУреди

  1. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 708 стр.
  2. Салтир Путински „Формирање и акции на Козјачкиот партизански одред“
  3. Јордан Цеков – Дане „Загинаа за слободата на Македонија“, „Графотекс“, Куманово, 2001, 64 и 99 стр.
  4. Миодраг Арсовски - Болто „Хронологија на позначајни настани од НОБ и Народната револуција во Куманово и Кумановско“, Куманово, 1974, 30 стр.
  5. Јордан Цеков – Дане, цит. дело, 58 и 64 стр.
  6. Салтир Путински „Формирање и акции на Козјачкиот партизански одред“