Благоја Деспотовски - Шовељ
Благоја Деспотовски - Шовељ (Дебар, март 1919[1] - Скопје, 7 октомври 1941) бил македонски комунист, учесник во НОВ, првоборец.
Роден | март 1919 Дебар |
---|---|
Починал | 7 октомври 1941 Скопје |
Во родниот град завршил основно училиште, а во потрага по вработување работел во бродоградилиштето во Сремска Митровица (1937-1938), каде што станал член на УРС-овите синдикати. Во 1939 година доаѓа во Скопје и се вработува во Пиротехничкиот завод во Ѓорче Петров. Пролетта 1940 година е примен за член на КПЈ. Заради политичко дејствување сред монополските работници, по налог на Месниот комитет на КПЈ преминал на работа во Тутунскиот монопол во Скопје. Поради таа дејност бил уапсен (25 февруари 1941) и останува во затвор до капитулација на Југославија (6 април).
Учествувал на советувањето на Скопската организација на КП (одржана во Козле на 22 јуни 1941), на која е донесена одлука да започнат подготовките за вооружена борба. Наскоро потоа се илегализирал и се приклучил на една од скопските диверзантски групи (јули - 22 август). Учествувал во акцијата за снабдување со експлозив од рудникот Радуша.[2] При формирањето на Првиот скопски партизански одред на 22 август 1941 година, влегува во неговите редови. На 7 октомври истата година учествува во обидот за убиство на полицискиот агент Мане Мачков. При бегството, откако бил опколен, Деспотовски дозволил да му се приближат агентите што го гонеле по што активирал бомбата и се самоубил.[3]
НаводиУреди
ЛитератураУреди
- Митре Инадески, „Благоја Деспотовски-Шовељ: прилог кон биографијата“, Архив на Скопје, Скопје 1990.