<< декември >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06 07
08 09 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
2024

11 декември — 345-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (346-и во престапна година). Остануваат 20 денови до крајот на годината.

Настани:

1816  Индијана станува 19-та американска држава.
1937  Италија го напушта Друштвото на народите.
1941  Втора светска војна: САД им објавија војна на Германија и на Италија.
1941  Втора светска војна: Германија и Италија објавуваат војна на САД.
1946  Со одлука на Генералното собрание на ООН основан е Меѓународниот фонд на ОН за помош на децата (УНИЦЕФ). Како најблагородна организација на ОН во 1965 година, ја доби Нобеловата награда за мир. Седиштето на УНИЦЕФ е во Њујорк.
1958  Горна Волта (Буркина Фасо) ја објавува својата независност од Франција
1972  Американските космонаути и членови на екипажот на вселенскиот брод „Аполо 17“ стапнаа на Месечината. Тоа беше последната мисија во рамките на американската програма „Аполо“.
1993  Во Скопје повеќе од 60 делегати младинци одржаа Основачко Собрание и ја конституираа организацијата „Млади социјалисти“, како подмладок на Социјалистичката партија на Македонија.
1996  Во Битола е одржано основачкото собрание на Националниот сојуз на студентите на Македеонија.
2008  Во Њујорк е уапсен Бернард Мадоф, човекот кој преку пирамидални инвестициски измами успеал да проневери скоро 65 милијарди долари од инвеститорите. Осуден е на 29 јуни 2009 г. на 150 години затвор без право на помилување.

Родени:

1475  Џовани де Медичи — подоцна познат како папа Лав Х.
1803  Хектор Берлиоз — француски композитор.
1810  Алфред де Мисе — француски писател.
1843  Роберт Кох — германски лекар.
1856  Георгиј Валентинович Плеханов — руски филозоф.
1882  Макс Борн — германски математичар.
1885  Емил Херцог — француски писател, познат како Андре Моро.
1910  Димо Тодоровски — македонски вајар и академик.
1912  Карло Понти — италијански филмски продуцент.
1913  Жан Маре — француски глумец.
1918  Александар Солженицин — руски писател.
1931  Јуриј Мамлеев — руски писател.
1931  Рита Морено — порториканска глумица.
1934  Томислав Чокревски — македонски политичар и универзитетски професор.
1949  Иван Буљан — хрватски и југословенски фудбалер и тренер.
1951  Катица Ќулавкова — македонска писателка.
1952  Андреја Де Карлоиталијански писател.
1954  Џермејн Џексон — американски поп-музичар.
1968  Фабрицио Раванели — италијански фудбалер.
1969  Висванатан Ананд — индиски шахист.
1985  Здењек Штибар — чешки велосипедист.
1994  Розалин Пенчев — бугарски одбојкар.
1994  Чоно Пенчев — бугарски одбојкар.

Починале:

384  Дамас Iримски папа.
711  Јустинијан II Ринотметвизантиски цар.
861  Ал Мутавакил — арапски калиф.
905  Леонтиј — византиски цар.
969  Никифор II Фока — византиски цар.
1282  Михаил VIII Палеолог — византиски цар.
1686  Луј II од Конде — француски офицер.
1918  Иван Цанкар — словенечки писател, поет, раскажувач, драматург и публицист.
1948  Стерос Влахвеис — андартски капетан.
1964  Сем Кук — американски соул-пејач.
1987  Јаша Хајфец — американски виолинист.
1991  Артур Лундквист — шведски писател, критичар и преведувач.
2004  Јадранка Владова — македонска писателка, есеист, преведувач и литературен теоретичар.
2012  Рави Шанкариндиски класичен музичар.
2016  Есма Реџепова — македонска пејачка.
2022  Анастасија Низамова Мухиќ — македонска оперска пејачка.

Празници:

Буркина ФасоДен на Републиката