19 септември
датум
19 септември — 262-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (263-и во престапна година). Остануваат 103 денови до крајот на годината.
Настани:
1985 | Катастрофален земјотрес со јачина од 8.1 степени според Рихтеровата скала го погодил Мексико. Во него загинале околу 10.000 луѓе, а материјалната штета е проценета на околу шест милиони долари. |
1992 | Во селото Стајковци, Скопско, е поставен и посветен камен-темелник на нова црква „Свети Кирил и Методиј“. |
1994 | Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Општата спогодба за царини и трговија (ГАТТ). |
1996 | Република Македонија пристапи кон трите конвенции на Меѓународната агенција за атомска енергија. |
Родени:
Починале:
1881 | Џејмс Гарфилд — претседател на САД. |
1929 | Георги Баждаров — македонски револуционер. |
1941 | Аце Дорев — македонски револуционер. |
1942 | Рампо Левков - Левката — македонски борец и народен херој. |
1944 | Ѓоце Стојчевски - Амбарче — македонски борец и народен херој. |
1944 | Тодор Циповски - Мерџан — македонски борец и народен херој. |
1973 | Грем Парсонс — американски рок-музичар. |
1985 | Итало Калвино — италијански писател. |
2010 | Бади Колет — американски џез-музичар. |
2021 | Марина Туцаковиќ — српска авторка на текстови за песни. |
2021 | Џими Гривс — англиски фудбалер. |