Боро Менков
Боро Менков (Куманово, 5 мај 1919 - кај с. Белановце, Кумановско, 14 октомври 1941) — македонски комунист, учесник во НОВ. Прогласен е за народен херој на Југославија на 20 декември 1951 година.[1]
Боро Менков | ||
Роден | 5 мај 1919 Куманово | |
---|---|---|
Починал | 14 октомври 1941 Белановце |
Животопис
уредиБоро Менков е роден во Куманово, на 5 мај 1919 година, во сиромашно семејство.[2] По завршување на основното училиште, учел берберски занает, како чирак во берберница. Бил истакнат синдикален активист и раководител на штрајкот на берберските работници во Куманово, во 1936 година. По штрајкот, полицијата им забранила на мајсторите да го примаат Борко Менков на работа, поради што тој морал да замине од градот. Откако безуспешно барал работа низ Белград, заминал во Крагуевац на работа, каде останал од 1936 до 1938 година, и каде учел есперанто.[3] Во Крагуевац ја добил поканата за војска, и по отслужувањето се вратил во Куманово.
Во 1940 година се преселил во Скопје, каде отворил свој дуќан. По неколку претреси од страна на полицијата, Боро Менков го затворил дуќанот и се вратил во Куманово. Станал член на КПЈ во 1940 година.
Учество во НОБ
уредиПо окупацијата на Македонија бил еден од организаторите на НОВ во Куманово. Собирниот центар за оружје се наоѓал во неговата куќа, која подоцна била претворена и во тајна работилница за експлозивен материјал. Во работата помагале и неговите браќа. На 12 октомври 1941 година бил назначен за командант на Карадачкиот партизански одред.
Загинал два дена подоцна, на 14 октомври 1941 година, во борба со бугарската војска и полиција, при разбивањето на одредот.
За народен херој бил прогласен на 20 декември 1951 година.[4]