Змеј (хороскопски знак)

кинески хороскопски знак

Змеј (кинески: трад. , упр. , пинјин: lóng, мктр. лунг) — петти знак во дванаесетгодишниот циклус на животни од кинескиот хороскоп поврзан со кинескиот календар. Годината на змејот му принадлежи на симболот на земската гранка чен (辰).

Симбол на хороскопскиот змеј
Симбол на хороскопскиот змеј

Предложено е дека знакот на земската гранка може да се поврзувала со скорпии; може да ја симболизирала ѕвездата Антарес.[1] Во будистичкиот календар кој се користи во Тајланд, Камбоџа, Лаос, Мјанмар и Шри Ланка, змејот е заменет со нагите.[2] Во хороскопот на народот Гурунзи, таа улога ја има орелот.[3] Персискиот хороскоп место змеј има кит, а во старотурскиот календар тоа е риба.

Годините и петте елементи

уреди
 
Воден змеј на Празикот на фенерите.

Лицата родени помеѓу овие датуми се вели дека се родени во „година на Змејот“, носејќи некој од следниве елементарни знаци:

Почеток Крај Небесна гранка
16 февруари 1904 3 февруари 1905 дрвен змеј
4 февруари 1916 22 јануари 1917 огнен змеј
23 јануари 1928 9 февруари 1929 земјен змеј
8 февруари 1940 26 јануари 1941 метален змеј
27 јануари 1952 13 јануари 1953 воден змеј
13 февруари 1964 1 февруари 1965 дрвен змеј
31 јануари 1976 17 февруари 1977 огнен змеј
17 февруари 1988 5 февруари 1989 земјен змеј
5 февруари 2000 23 јануари 2001 метален змеј
23 јануари 2012 9 февруари 2013 воден змеј
10 февруари 2024 28 јануари 2025 дрвен змеј
28 јануари 2036 14 февруари 2037 огнен змеј
14 февруари 2048 1 февруари 2049 земјен змеј
2 февруари 2060 20 јануари 2061 метален змеј
19 февруари 2072 6 февруари 2073 воден змеј
6 февруари 2084 25 јануари 2085 дрвен змеј
25 January 2096 11 февруари 2097 огнен змеј

Годините на змејот бележат значителен прираст на новородени деца во земјите што го следат кинескиот хороскоп (или оние со значителна кинеска дијаспора) бидејќи овие „змејски деца“ се сметаат за среќни и имаат одлики кои се верува дека ќе им донесат благосостојбен и бериќетен живот.[4][5] Ваквото временско планирање на раѓањето на децата е релативно нова појава, која предизвикува преоптовареност на породилиштата, па дури и зголемена смртност кај новороденчињата кон крајот на дадената година поради исцрпеноста на ресурсите посветени на новороденчињата.[6]

Складност

уреди
Знак Најголема складност / рамнотежа (првотретинска група) Складност Нескладност/ соперник-непријател-попречувач (спротивен знак)
змеј змеј, мајмун, стаорец, петел змија, вол, свиња, зајак, коза, тигар, коњ куче

Циклус: (третинска група) — на змејот му треба мајмунот, на мајмунот му треба стаорецот, на стаорецот му треба змејот; (спротивен знак) но неговиот соперник му се спротивставува на кучето.

Основни астролошки елементи

уреди
Земски гранки: чен
Пет елементи: земја
Јин-јанг: јанг
Месечев месец: трет
Среќни броеви: 1, 6, 7; Се избегнуваат: 3, 8, 9
Среќни бои: жолта; Се избегнуваат: сина, зелена
Годишно време: пролет

Однос со другите знаци

уреди

Од сите дванаесет знаци, мајмунот најдобро се разбира со змејот. Итриот стаорец може да биде добар ортак на змејот кога сакаат да постигнат нешто големо. Оние чиј знак е змејот можат среќно да живеат со змијата, бидејќи таа ја спречува неговата разузданост. Лицата чи знаци се петелот, змијата, свињата, зајакот, козата, тигарот и коњот се пријателски наклонети кон змејот, бидејќи ги ценат неговото држење и неговата сила.[7]

Два змеја добро се сложуваат бидејќи лежат по цел ден. Меѓутоа, односот помеѓу змејот и волот и необично напнат, бидејќи обата знака се величествени. Змејот им задава главоболки на кучињата, кои негодуваат во негово присуство поради нивниот чуварско-стражарски карактер.[7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Richard S. Cook (Spring 1997). „The Etymology of Chinese Chen“. Linguistics of the Tibeto-Burman Area. University of California, Berkeley (објав. Fall 1995). 18 (2): 250. ISSN 0731-3500. LCCN 82-640813. OCLC 4790670.
  2. „Year of the Dragon - Naga - Thai Zodiac“. Thai Guide to Thailand. Архивирано од изворникот на 2017-07-08. Посетено на 2017-06-09.
  3. „Tamu (Gurung) Losar Festival“. ECS Nepal. 2010-07-11. Архивирано од изворникот на 29 July 2017. Посетено на 2017-06-09.
  4. Goodkind, Daniel (1991). „Creating new traditions in modern Chinese populations: Aiming for birth in the Year of the Dragon“. Population and Development Review. 17: 663–686. doi:10.2307/1973601.
  5. Goodkind, Daniel (1996). „Chinese lunar birth timing in Singapore: New concerns for child quality amidst multicultural modernity“. Journal of Marriage and the Family. 58: 784–795. doi:10.2307/353736.
  6. https://freakonomics.com/podcast/dragon-child/
  7. 7,0 7,1 „Chinese Zodiac - Dragon“. Your Chinese Astrology. Посетено на 2017-06-09.

Надворешни врски

уреди