Ab urbe condita
Ab urbe condita (Anno Urbis Conditae: AUC или a.u.c. или само a.u.)[1] — латинска фраза која значи „од основањето на градот (Рим)“,[2] која традиционално се смета дека е 753 година п.н.е. AUC е систем за броење на години кој се користи од старите римските историчари за да се идентификуваат одредени римски години. Издавачите од времето на ренесансата на записите понекогаш додавале AUC, со што се создавал изгледот дека римјаните го користеле овој систем. Всушност, современите историчари го користеле AUC многу почесто отколку самите римјани. За времне на римското владеење се користеле два вида на броење на годините и тоа според конзулски според тоа кој бил конзул во таа година, и владеечка година на императорот,годината кога владеел императорот. Владеечката година се користела од страна на Византија по 537 година кога Јустинијан го вовел како задолжителен овој начин на мерење на времето. Примери за продолжено сметање на според владеечките години, особено присутно кај германските автори, е делото Историјата на Рим од авторот Теодор Момзен, и сметањето според ситемот наша ера.
Значење
уредиОд владеењето на Клавдиј (владеел од 41–54) па натаму, Марко Теренциј Варон ја воведува пресметката (Погледајте подолу) која ги заменила сите останати пресметки на времето. Славењето на годишницата ан градот станало дел од империјалната пропаганда. Клавдиј бил првиот кој ги одржал величествените славења во чест на годишницата на градот, во 48 година, 800 години по основањето на градот. Хадријан и Антонин Пиј одржале слични славења, во 121 година и 147/148 година.
Во 248 година, Филип Арапски го прославил првиот милениум на градот Рим, заедно со секуларните игри за наводниот десетти saeculum. Монетите од овој период ги одбележале овие славења. Монета од соперник за римскиот престол, Пакацијан, има испишано „илијада и прва година“, што наведува дека граѓаните на империјата имале познавање за почетокот на новата ера Saeculum Novum.
Кога Римското Царство станаала христијанска во наредниот век, овие натписи се користеле само во метафизичка смисла, со што се отстраниле правните пречки за развојот и јавната употреба на ситемот за броење на годините наречен наша ера, кој целосно започнува да се применува во времето на владеењето на Карло Велики.
Пресметките на Варон
уредиТрадиционалниот датум за основањето на Рим 21 април 753 година п.н.е. бил воведен од страна на Марко Теренциј Варон. Варон најверојатно го користел списокот со владеењата на конзулите кој пак изобилувал со грешки, и годината на првите конзули ја одредил да биде „245 ab urbe condita“, прифаќајќи го 244 годишниот интервал од Дионисиј Халикарниски за кралевите по основањето на Рим. Точноста не пресметките на Варон не е потврдена научно, но сепак истите се користат ширум светот.
Поврзаност со наша ера
уредиНаша ера систем за одбројување на времето осмислен од монахот со име Дионисиј Мали во Рим за време на 525 година, како резултат на неговата работа за пресметување на датумот на Велигден. Во неговата табела за 532 година била означена како 248 година од владеењето на императорот Диоклецијан. Табелата ги броела годините започнувајќи од претпоставеното раѓање на Исус, наместо по стапувањето на власт на императорот Диоклецијан на 20 ноември 284 година, или као што запишал Дионисиј: „sed magis elegimus ab incarnatione Domini nostri Jesu Christi annorum tempora praenotare...“[3] Блекбурн и Холфорд-Стивенс ги прегледале овие пресметки на Дионисиј кој го сместувале отелотворението во 2 година п.н.е, 1 година п.н.е или 1 година.[4] Подоцна било пресметано (од историските записи за владеењето на римските конзули) дека 1 година е всушност 754 AUC, според Вароновата епоха. Ова пак довело оваа година да не соодејствува со животните периоди на историските личности кои требало да бидат живи, или на некој начин да се поврзани со отелотворението господово, на пример Ирод Велики или Квириниј.[5]
- 1 ab urbe condita = 753 п.н.е.
- 2 AUC = 752 п.н.е.
- 749 AUC = 5 п.н.е.
- 750 AUC = 4 п.н.е. (смртта на Ирод Велики)
- 753 AUC = 1 п.н.е.
- 754 AUC = 1 наша ера
- 755 AUC = 2 н.е.
- 759 AUC = 6 н.е. (Квириниј станува гувернер на Сирија)
- 2206 AUC = 1453 н.е. (Падот на Цариград)
- 2700 AUC = 1947 н.е.
- 2753 AUC = 2000 н.е.
- 2767 AUC = 2014 н.е.
- 2777 AUC = 2024 н.е.
- 2800 AUC = 2047 н.е.
- 2813 AUC = 2060 н.е.
- 3000 AUC = 2247 н.е.
Други видови на пресметки
уредиСпоред Велеј Патрекул основањето на Рим се случило 437 години по Тројанската војна. Настанот се случил пред затемнувањето на Сонцето кое можело да се забележи од Рим на 25 јуни 745 година п.н.е. со покриеност од 50,3%. Почетокот бил во 16:38, средината во 17:28, а крајот во 18:16.
Сепак, според Лукиј Тарициј, Ромул и Рем биле зачнати во матката на 23 ден од египетскиот месец Чоиак, за време на целосното затемнување на Сонцето. (Ова затемнување се случило на 15 јуни 763 година п.н.е., со покриеност од 62,5% на небото над Рим). Тие се родиле на 21 ден од месецот Тот. Првиод ден на Тот бил на 2 март во таа година.[6] Рим бил основан на деветтиот ден од месецот Фармути, што всушност е 21 април. Римјаните го сметале овј период од моментот кога Ромул започнал да го гради градот, во тој ист период е забележано затемнување од страна на Антима Теоски, Теоски поет, на 30-тиот ден од месечевиот месец. Затемнувањето од 25 јуни 745 п.н.е. имало покриеност од 54,6% над небото во Теос, Мала Азија. Започнала во 17:49; и затемнувањето траело сè до зајдисонце, во 19:20. Ромул починал на 54 години, во месец јули кога Сонцето било затемнето. Денот станал како ноќ, кога ненадејната темнина се сметала за затемнување на Сонцето. Ова се случило на 17 јули 709 п.н.е., со покриеност од 93,7%, започнувајќи во 5:04 и завршувајќи во 6:57. Плутарх пак овој настан го запишал дека се случил на 37 година од основањето на Рим, на 5 јули, кој во тоа време се нарекувал Квинтилиј,[7] и запишал дека Ромул владеел 37 години. Тој најверојатно бил погубен од сенатот или пак исчезнал за време на 38 година од своето владеење. Повеќето од овие податоци биле запишани од Плутарх,[8] Флор,[9] Кикерон,[10] Касиј Дион и Дионисиј Халикарниски. Дио во својата Римска историја (Книга I) вели дека Ромул бил во својата 18 година кога го започнал градењето на Рим. Затоа, трите пресметки за еклипсите е доказ за владеењето на Ромул од 746 п.н.е. до 709 година п.н.е., а Рим бил основан во 745 година п.н.е.
Квинт Фабиј Пиктор вели дека римските конзули првпат се споменуваат 239 години по основањето на градот Рим.[11] Тит Ливиј го дава скоро истиот податок, 240 годишен интервал.[12] Полибиј[13] вели дека натанот бил 28 години по походот на последниот персиски цар Ксеркс во Грција, и настанот се случил во 478 година п.н.е за време на две сончеви затемнувања.[14]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Dio uses "a.u." in his Roman History
- ↑ Literally translated as "From the city having been founded".
- ↑ Liber de Paschate, Migne, Patrologia Latina, Volume 67, page 481, note f
- ↑ Blackburn, B. & Holford-Strevens, L, The Oxford Companion to the Year (Oxford University Press, 2003 corrected reprinting, originally 1999) 778–780.
- ↑ Suetonius, Lives of the Caesars: Tiberius, 49
- ↑ (Prof. E.J. Bickerman, 1980: 115)
- ↑ Quintilis, on "Caprotine Nones," Livy (I, 21)
- ↑ (Lives of Romulus, Numa Pompilius and Camillus), Plutarch
- ↑ (Book I, I), Florus
- ↑ (The Republic VI, 22: Scipio's Dream), Cicero
- ↑ Enciclopedia Italiana, XIV, 1951: 173
- ↑ I, 60
- ↑ Polybius, The Histories (III, 22. 1–2)
- ↑ References: Theodor Mommsen, History of Rome (1854–1856)