Отвори го главното мени
Бернардо Бертолучи

Бернардо Бертолучи (16 март 1941 – 26 ноември 2018) е италијански режисер, сценограф и продуцент кој има режирано филмови со светски успех:„Последниот кинески цар“, „Последно танго во Париз“ (кој има освоено 9 Оскари, вклучувајќи го и оној за режија), „Чај во пустината“, „Малиот Буда“ итн.

БиографијаУреди

Бернардо Бертолучи е роден во Парма, во областа Емилија-Ромања, на 16 март 1941 година. Неговиот татко, Атилио Бертолучи, бил професор, поет, истакнат критичар на уметноста, филсмки критичар и антрополог. Неговата мајка била Австралијанка, со ирски и италијански корени. Бертолучи почнал да пишува од својата петнаесетта година, и по неколку години ја освоил престижната литературна награда Вијареџио.

На почетокот на своето школување тој студирал на факултетот за модерна литература во Рим, а потоа ги напушта студиите за сметка на киното, станувајки асистент на својот близок пријател Пјер Паоло Пазолини, правејќи ги воедно и првите чекори во седмата уметност, филмот. Благодарение на Пазолини, како и на интересот од страна на продуцентот Дел Лука, Бертолучи за првпат работел како асистент на првиот филм од фријулијанскиот регион, Акатоне во 1961 година,[1] кога воедно ја сретнал и неговата идна сопатничка, актерката Адријана Асти.

Следната 1962. година, со Тонино Черви како продуцент и Пазолини како сценарист го реализира првиот долгометражен филм, „Мрачниот убиец“, во кој се зборува за мистериозно убиство на проститутка. Брзо се одделува од светот и поетиката на Пазолини, за да ја следи својата индивидуална идеја за киното базирана на личности кои се наоѓаат пред нагли промени на нивниот свет. Tаквата тематика е практично присутна во сите дела на Бертолучи. Со краткиот филм од 1964 година, „Пред револуцијата“, станал познат.

Бернардо Бертолучи работел и како копродуцент за неколку филмови со американски, шведски, француски и германски филмски куќи.[2]

Последно танго во ПаризУреди

Неговото име посебно е одбележано во 1972 со скандалот за филмот „Последно танго во Париз“ кој ја одбележува и самата епоха. Во овој филм глумат Марлон Брандо, Марија Шнајдер, Масимо Ѓироти и Жан-Пјер Лео. Главниот протагонист е Паул, кој со своите афери го уништува животот на својата сопруга. Во текот на една сцена, Паул ја силува Џини. Марлон Брандо и Бертолучи разговарале и се договарале за таа сцена, но не ѝ објасниле ништо на тогаш деветнесетгодишната Марији Шнајдер. Марија изјавила во 2007 година дека при снимање на сцената се чувствувала како навистина да била силувана, и се чувствувала понижено.[3] Бернардо во 2013 година изјавил дека намерно не ѝ кажале каква ќќе биде сцената, за да снимат вистински бес и фрустрација.[4] Марлон Брандо пак, го негирал ова и изјавил дека еротските сцени биле симулирани.[5]

Поради скандалот што го предизвикал овој филм, Марија Шнајдер станала суицидна и почнала да се дрогира. Подоцна станала гласноговорник на движењето за правата на жените, посебно на филмот. Сите копии од овој филм во Италија биле уништени. Италијанскиот суд го осудил Бертолучи на пет години и четири месеци затвор. Апелациониот суд во Болоња во 1978 година побарал да се зачуваат три копии од филмот во националната кинотека, со забелешка тие филмови никогаш да не бидат пуштени во јавност.[6][7][8][9][10]

Светска славаУреди

 
Ѕвездата на Бертолучи на Холивудската патека на славните

Бернардо Бертолучи стекнал светска слава со филмот 1900 од 1976 година, во кој се прикажува фармер од областа Емилија-Ромања, од почетокот на 20 век до Втората светска војна. Во самиот филм учествувале глумците: Роберт де Ниро, Жерар Депардје, Стенли Хајден, Берт Ланкастер и Доминик Санда. Во филмот ликовите се соочуваат со проблемите дрога и инцест.

Во 1980-ти години патувал насекаде во странство, при што неговите острварувања (филмови и дела) се здобиваат со извонредна гледаност. Во 1987 го режирал меѓународно познатиот филм, „Последниот кинески цар“, кој е награден со повеќе Оскари, меѓу кои за најдобар филм и режија. Филмот бил сниман три години, и е биографски филм за животот на последниот цар на Кина.

Во 1990 патувал во Мароко за филмот „Чај во пустината“, додека во 1993 работел на проектот за „Малиот буда“ со Киану Ривс.

Во 2007 година добил Златен лав за животно дело на Филмскиот фестивал во Венеција.[11]

Последен снимен филм од 2012 година му е Јас и ти, адаптација на истоимената книга од Николо Аманити. Филмот требало да биде во 3Д техника.[12]

НаводиУреди