Боб Дилан
Боб Дилан (роден како Роберт Ален Цимерман на 24 мај 1941) — американски кант-автор, пејач, музичар и поет кој е еден од најголемите авторитети и една од најголемите фигури во областа на популарната музика во периодот на последниве пет децении.
Боб Дилан | |
---|---|
Боб Дилан на Универзитетот Св. Лоренс во 1963 година. | |
Основни податоци | |
Родено име | Роберт Ален Цимерман |
Познат(а) и како | Елстон Ганнн, Блајнд Бој Грант, Лаки Вилбери, Бу Вилбери, Елмер Џонсон, Сергеј Петров, Џек Фрост |
Роден(а) | 24 мај 1941 Дулут, Минесота, САД |
Жанр(ови) | Фолк, Рок, Блуз, Кантри |
Занимање/ња | пејач-текстописец, писател, поет, уметник, глумец, сценарист, диск џокеј |
Инструменти | вокал, гитара, бас гитара, хармоника, клавијатура, усна хармоника, тапани, харфа |
Години на активност | 1959 - денес |
Продукциска куќа/ќи | Колумбија |
Мрежно место | BobDylan.com |
Во 2016 година Дилан ја добива Нобеловата награда за литература, „за стварање нови поетски изразувања во големата американска традиција на песни”.[1]
Животопис
уредиТворештво
уредиГолем дел од најзначајните дела на Дилан датираат од 1960-тите, период кога, против своја волја, тој се претвора во неформален хроничар и единствен гласноговорник на Немирот на Млада Америка. Многу од неговите песни, како Blowin' in the Wind и The Times They Are a-Changin',[2] стануваат химни на анти-военото движење и Движењето за Граѓански Права во САД. Неговиот последен албум, Modern Times, пуштен во продажба на 29 август 2006 година, дебитира на американските топ списоци како #1, правејќи го Дилан, на возраст од 65 години, најстарата жива личност што успеала да го достигне врвот во САД.[3]
Раните текстови на Дилан, во себе инкорпорираат политички, филозофски, социјални и литературни влијанија и мотиви, кршејќи ги сите популарни музички конвенции и правила и станувајќи одбележје на против-културата на неговото време. Дилан, додека ги проширува и персонализира своите музички погледи, секогаш покажува непоколеблива посветеност кон американската традиционална песна, почнувајќи од нејзините корени - фолкот и кантри/блуз тематиката па сè до нејзините популарни дострели во рамките на рокенролот и рокабилито; истовремено, Дилан црпи мотиви и од англиската, шкотската и ирската народна музика, од џезот, свингот, Бродвејските мјузикли, хард рокот и госпел музиката.
Песните ги изведува со гитара, синтисајзер и хармоника. Поддржан од музички ансамбл, чиј состав постојано се менува, почнувајќи од 1980-тите до денес, тој е постојано на таканаречената „Never Ending Tour“. Има свирено со огромен број на музички имиња, од типот на Вили Нелсон, Пол Сајмон, The Grateful Dead, Том Пети, Стиви Никс, Брус Спрингстин, The Band, У2, The Rolling Stones, Пети Смит, Џоан Баез, Нил Јанг, Џони Кеш, Ван Морисон, Џорџ Харисон, Ринго Стар и Ерик Клептон. Иако неговите достигнувања како изведувач се централни во развитокот на неговата кариера, неговата работа како текстописец најчесто се издвојува како негов најголем придонес во развитокот на популарната култура .[4]
Дилан повеќепати ги има добено наградите „Греми“, „Златен глобус“ и „Оскар“, а член е и на Рокенрол Куќата на Славните, Нешвиловата Куќа на Славни Текстописци, како и на Куќата на Славни Текстописци. Дилан е именуван како еден од 100 највлијателни луѓе на дваесеттиот век според списанието TIME. Во 2004 година, Боб Дилан го зазел второто место на списокот 100 најголеми на сите времињаАрхивирано на 10 август 2007 г. на списанието Rolling Stone, веднаш зад Битлси [5][6]. Според истото списание, песната на Боб Дилан - Like A Rolling Stone била избрана за најдобра песна на сите времиња. Дилан неколкупати бил номиниран и за Нобелова награда во областа на литературата.[7][8] Конечно, во октомври 2016 година тој станал добитник на Нобеловата награда. Тој ја прифатил наградата, изјавувајќи дека е почестен од признанието, но објавил дека нема да присуствува на свеченото доделување, поради претходно закажани обврски.[9]
Во 2015 година, Дилан го објавил албумот „Сенки во ноќта“ (Shadows in the Night) на којшто биел застапени обработки на песните на Френк Синатра, а веќе следната година влегол во славното холивудско студио „Капитол“ за да работи на новиот албум.[10]
Дилан како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Песна за Боб Дилан“ (англиски: Song for Bob Dylan) — песна на британскиот поп-рок музичар Дејвид Боуви од 1971 година.[11]
- „Боб Дилан пишуваше пропагандни песни“ (англиски: Bob Dylan Wrote Propaganda Songs) — песна на американската рок-група Минитмен (Minutemen) од 1983 година.[12]
Белешки
уреди- ↑ „The Nobel Prize in Literature 2016: Bob Dylan”. nobelprize.org. 13.10.2016 »for having created new poetic expressions within the great American song tradition«
- ↑ „Дилан 'го открива потеклото на химната'“. BBC news. 2004-04-11. Посетено на 2006-08-04.
- ↑ „Дилан повторно на врвот на 65“. ABC News. 2006-09-07. Архивирано од изворникот 2008-01-06. Посетено на 2007-05-29.
- ↑ „Боб Дилан од Џеј Кокс“. TIME. 1999-06-04. Архивирано од изворникот 2000-08-18. Посетено на 2006-08-10.
- ↑ „Битлси“ на истата листа Архивирано на 13 јуни 2007 г.
- ↑ „Боб Дилан“. Роби Робертсон. Rolling Stone број 946. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 2007-09-12. Посетено на 2007-06-17..
- ↑ „Дилан и формално кандидат за Нобелова награда во Литература“. Expecting Rain. 1996-10-01. Посетено на 2006-10-17.
- ↑ „Зборовите на Дилан започнуваат дебата за Нобел“. CBS News. 2004-10-06. Посетено на 2006-10-17.
- ↑ „Боуви одби да стане витез, Брандо ги бојкотира Оскарите“, Дневник, година XX, број 6224, петок, 25 ноември 2016, стр. 22.
- ↑ „Боб Дилан работи на нов албум“, Дневник, година XX, број 5992, четврток, 18 февруари 2016, стр. 21.
- ↑ YouTube, David Bowie - Song For Bob Dylan (пристапено на 4.5.2017)
- ↑ the minutemen - what makes a man start fires lp (пристапено на 4.12.2023)
Надворешни врски
уреди„Боб Дилан“ на Ризницата ? |
- BobDylan.com Архивирано на 1 декември 2009 г. — официјална страница; вклучува и текстови на песните
- Bob Dylan: Tangled up in Jews - Одисејата на Боб Дилан како Евреин
- Expecting Rain — Вести поврзани со Дилан; се надоградуваат секојдневно
- Боб Дилан на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Информации за сите студиски снимки на Боб Дилан
- RightWingBob.com - Коментар за политичките и моралните теми во песните на Боб Дилан
- Come Writers And Critics[мртва врска] - Страница на која се застапени сите весници, списанија, магазини и песнарки издадени во светот и посветени на Боб Дилан