Јулија Крстева
Јулија Крстева (бугарски: Юлия Кръстева; родена на 24 јуни 1941) — бугарско-француски филозоф, книжевен критичар, психоаналитичар, феминист и од неодамна, романописец. Крстева живее и работи во Франција уште од 1960-ите. Во моментов е професорка на универзитетот Париз-Дидро. Крстева е исто така основач и управител на комитетот за доделување на наградата Симон де Бовоар.[2]
Јулија Крстева | |
---|---|
Јулија Крстева во Париз, 2008 | |
Роден(а) | Юлия Кръстева 24 јуни 1941 Сливен, Бугарија |
Седиште | Франција |
Националност | Французинка / Бугарка |
Установа | Софиски универзитет |
Сопружник | Филип Солерс |
Награди |
|
Мреж. место | kristeva.fr |
Период | Современа филозофија |
Подрачје | Западна филозофија |
Школа | |
Претежна дејност | |
Значајни идеи | Природата на абјектот |
Крстева достигнува меѓународна слава по објавувањето на првата книга, Semeiotikè, во 1969. Нејзиното големо животно дело брои книги и есеи на темите како интертекстуалноста, семиотиката и идејата за абјектот, во полето на лингвистиката, книжевната теорија и критика, психоанализата, биографијата и автобиографијата, политичката и културната анализа, уметноста и историјата на уменоста.
Животопис
уредиРодена во Сливен, Бугарија во христијанско семејство, Крстева е ќерка на црковен сметководител. Крстева и сестра и како деца посетувале франкофонско училиште. Во раната младост, Крстева се запознава со делото на Михаил Бакхтин. Таа се запишува на Софискиот универзитет, а како пост-дипломец добива истражувачка стипендија која и дозволува да се пресели во Франција во декември 1965, на само 24 години.[3] Продолжува да се образува на неколку француски универзитети, каде работи по менторство на неколку познати мислители, меѓу кои Ролан Барт и Лусијен Голдман.[4][5] На 2 август 1967, Крстева се мажи за писателот Филип Солерс,[6] родено име Филип Жојо.
Крстева има предавано и во САД, на универзитетот Колумбија во раните 1970-ети, каде останува посетувачки професор.[7] Крстева има објавувано книги и под името Јулија Жојо.[8][9][10]
Наводи
уреди- ↑ Creech, James, "Julia Kristeva's Bataille: reading as triumph," Diacritics, 5(1), Spring 1975, pp. 62-68.
- ↑ Simone de Beauvoir Prize 2009 goes to the One Million Signatures Campaign in Iran Архивирано на 1 февруари 2009 г., Change for Equality
- ↑ Siobhan Chapman, Christopher Routledge, Key thinkers in linguistics and the philosophy of language, Oxford University Press US, 2005, ISBN 0-19-518767-9, Google Print, p. 166
- ↑ Nilo Kauppi, Radicalism in French Culture: A Sociology of French Theory in the 1960s, Burlington, VT, 2010, p. 25.
- ↑ Schrift, Alan D. (2006). Twentieth-century French Philosophy: Key Themes and Thinkers. Blackwell Publishing. стр. 147. ISBN 1-4051-3217-5.
- ↑ Benoît Peeters, Derrida: A Biography, Cambridge: Polity Press, 2013, pp. 176-77.
- ↑ Riding, Alan, Correcting Her Idea of Politically Correct. New York Times. 14 June 2001.
- ↑ Library of Congress authority record for Julia Kristeva, Library of Congress
- ↑ BNF data page, Bibliothèque nationale de France
- ↑ Hélène Volat, Julia Kristeva: A Bibliography, Архивирано од изворникот на 2016-05-10, Посетено на 2017-01-06 (bibliography page for Le Langage, cet inconnu (1969), published under the name Julia Joyaux).