Википедија:Викиекспедиции 2020

ВикиПроект
„Викиекспедиции“
Кратенки:
ВП:ЕКСПЕДИЦИИ

Во текот на 2020 година биле организирани четири викиекспедиции, со кои биле опфатени следните области:

  1. Кичава и Рабетинкол — дводневна експедиција (19-21 септември);
  2. Осоговија — дводневна експедиција (9-11 октомври);
  3. Плачковица и долина на Брегалница — дводневна експедиција (22-24 октомври); и
  4. Овче Поле — дводневна експедиција во два дела (7 и 14 ноември).

Прва експедиција

уреди
 
Обновена карта на подрачја покриени во Општина Кичево во оваа експедиција и експедицијата во Копачка во 2018 година.
 
Покриени подрачја во Општина Пласница со експедицијата

Кичава и Рабетинкол

уреди

Во 2020 година, поради појавата на пандемијата на коронавирусот, нашите експедиции, како и многубројни настани беа ставени на чекање и не се ни знаеше дали ги одржиме. Сепак, дојде септември и откако добивме дозвола за организирање вакви настани, ние се упативме кон првата планирана област.

Попладнето на 19 септември 2020 година (сабота), членовите Kiril Simeonovski, Полупрофесионален Шофер и Деан Лазаревски се упатиле кон градот Македонски Брод, каде веќе бил членот Ehrlich91. Македонски Брод бил избран за сместување, поради неговата близина на селата предвидени за посета со оваа експедиција.

Прв ден

уреди

По појадувањето во неделата се упативме кон Општина Пласница. Најпрвин, влеговме во главното село Пласница, каде ја фотографиравме долната џамија покрај самиот тек на реката Треска. Откако направивме неколку фотографии од сретселото продолживме кон горната џамија во селото. На враќање на сретселото имавме разговор со помлад жител на селото, кој ни укажа за легендата поврзана со каменот на сретселото и не покани на кафе. На патот со споеното село Преглово се наоѓа црквата „Св. Никола“, која претставува заштитено културно наследство на Македонија. Во Преглово се наоѓа основното училиште „Кемал Ататурк“ за двете села.

Потоа, се упативме кон селото Дворци, кое е најмалото село во општината и каде малкумината жители ни покажаа стари куќи во селото. Со селото Лисичани ја затворивме општината. Покрај селската џамија, во селото имавме забележано дека постои црква „Св. Илија“, за која имавме потешкотии да ја пронајдено, но сепак на крајот успеавме.

Од таму се упативме кон областа Рабетинкол, која се протега на подрачјето на поранешната Општина Вранештица. Најпрвин се упативме кон најоддалеченото село Патец, до кое последните 2,5 километри беа лош земјен пат со многубројни бразди од дождовите и карпи. Сепак, успеавме да дојдеме до селската црква, а до самото село отидовме пеш.

Потоа, почнавме полека да се спуштаме и дојдовме до селото Козичино, кое е поделено на повеќе маало. Стигнавме во најгорното маало до каде има асфалтен пат, додека селската црква им се наоѓа во долното маало на селото. Пред да свртиме за селата Дупјани и Рабетино, ја фотографиравме црквата „Св. Кузман и Дамјан“ во селото Светораче. Во селото Дупјани покрај селската црква ни укажаа дека имаат и понова црква надвор од селото, до кој водеше лош земјен пат во должина од 2 километри. Некако дојдовме до оваа мала црква. На патот до оваа црква се пружаше одличен поглед на селото Рабетино. Самото село Рабетино е многу мало и збиено. Единствено селската црква се наоѓа погоре во блиската шума.

На враќање во Светораче имавме интересен разговор со постари мештани на селото. Од ова село продолживме по асфалтниот пат кој води до селото Крушица. Во ова село до кое води асфалтен пат имавме еден од најголемите подвизи да ја пронајдеме нивната селска црква. Иако на сателитските карти се гледаше во близина, сепак до нејзе води тежок земјен пат или пак патека низ шума.

Потоа, како што се спуштавме отидовме до селата Речани и Миокази, каде утврдивме дека нивните селски цркви имаат различни називи од официјалните напишани, со што повторно се потврди дека одењето на терен е најдоброто нешто за документирање на нашите села. Селото Орланци со своите две маала и двете цркви може да кажеме дека во целост воодушевува. Селото поседува една од најдобрата зачувана архитектура на селски куќи и се гледа дека селото било богато во својата историја. Селската црква „Св. Никола“ поседува една од најинтересните фасади досега документирани со надворени украси на животни, исцртани фрески и орнаменти, а воодушевува и со својата големина.

Пред да го преминеме регионалниот пат го посетивме уште селото Челопеци, кое е мешани село и поседува и црква и џамија.

Денот го завршивме со посета на поранешното општинско средиште Вранештица, како и блиското мало село Атишта. Во Вранештица успеавме да ги пронајдеме двете помали цркви на рабовите на селото, како и главната селска црква во самото село. На влезот во селото го фотографиравме и останатиот фабрички оџак, кој останал да сведочи за некогашниот фабрички погон за ќерамиди и тули.

Втор ден

уреди
 
Возилото на експедицијата во селото Ново Село

Вториот ден беше предвиден за довршување на трите села од некогашната општина Вранештица, па затоа повторно се исклучивме кон селото Вранештица, но овој пат се упативме кон селото Староец. Од него продолживме кон селото Карбуница, до кое водеше нов обновен асфалтен пат. И во двете села поминавме малку време, бидејќи се збиени села, а нивните цркви се наоѓаат во самите села.

Од таму се упативме кон селото Бигор Доленци, во кое се задржавме малку повеќе време. Најпрвин, пред селото скршнавме десно и се упативме до нивната селска црква, каде им се наоѓаат и самите гробишта. Црквата го носи името на светецот „Св. Антониј“, што претставува реткост во Македонија и тоа е првата црква документирана од наша страна. Потоа во самото село дознавме дека до втората црква „Св. Петка“ води земјен пат во добра состојба во должина од 4 километри. Навистина излезе дека патот е во добра состојба и дури увидовме дека има помалку од 4 километри. Црквата се наоѓа на широка ливада, а околу нејзе се наоѓаат доста стари гробови. На излезот од ова село се наоѓа и најновата црква „Св. Недела“, која воопшто не ни знаевме дека постои.

Од таму се упативме кон селата Мамудовци и Лазаровци, кои припаѓале на некогашната Општина Кичево, сместени буквално едно до друго. Во Мамудовци постојат две џамии, додека во Лазаровци се наоѓа црква и тоа е единствената разлика помеѓу овие две села.

Од таму се упативме кон селата во областа Кичава, кои припаѓаа во минатото на некогашната општина Осломеј.

Прво село, кое го посетивме беше Црвивци, а потоа влеговме во селото Стрелци, каде ги најдовме селските џамии и основното училиште. Сепак имавме запишано дека во селото имало останато црква „Св. Кузман и Дамјан“. Иако потрошивме доста време во споредба на сателитски снимки, утврдивме дека на местото на новата џамија над селото најверојатно се наоѓала оваа црква, од која сега не постојат никакви остатоци. Од падините на ова село го фотографиравме и соседното село Гарани.

Подоцна се упативме кон селата Шутово и Премка. Во Шутово ја фотографиравме селската џамија, додека во Премка новата џамија подигната во 2012 година, како и двете селски цркви, едната на самиот влез во селото, а другата во издвоеното маало.

На враќањето од Премка застанавме на бреговите на Осломејското Езеро, каде ја направивме групната фотографија. Продолживме кон селото Осломеј, каде ја фотографиравме селската црква „Св. Богородица“. И ова село поседуваше убава и зачувана архитектура на селските куќи. На патот за селото Србица, свртевме погрешно, но излезе дека со тој пат успеавме да ги фотографираме и соседните села Жубрино и Арангел. На патот кон Жубрино ја фотографиравме термоцентралата „Осломеј“, која денес повеќе не работи. Од Србица се упативме кон Ново Село, во кое ја пронајдовме црквата „Св. Спас“, која исто така беше погрешно заведена со името „Св. Богородица“ во официјалните документи.

Од таму се упативме кон селото Туин, кое поседува огромен атар. Во најгорните маала на селото се наоѓа црквата „Св. Никола“, а во долниот дел е сместена селската џамија, како и основното училиште.

Веќе кон крајот на денот се упативме кон селото Поповјани, во кое ја пронајдовме едната селска црква, а втората забележана црква во документите не успеавме да ја пронајдеме. Во селото Јагол имавме исто така потешкотија да дојдеме до селската црква, но сепак успешно ја фотографиравме и нејзе. Со селото Јагол Доленци ја заокруживме оваа експедиција.

Исход

уреди

Со фотографирани 35 села и поминати над 510 километри, можеме да прогласиме најуспешна дводневна Викиекспедиција по број на посетени села.

Статии
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. Пласница — село   Q3040262 значително подобрена статија
2. Општина Пласница — општина   Q2018921 подобрена статија
3. Четириесет и осма дивизија на НОВЈ — споменик   Q3395286 подобрена статија
4. ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ - Пласница — основно училиште   Q12909235 значително подобрена статија
5. Црква „Св. Никола“ - Пласница — црква   Q20497758 нова статија
6. Нурли џамија (Пласница) — џамија   Q100394594 нова статија
7. Јени џамија (Пласница) — џамија   Q100432774 нова статија
8. Златна џамија (Пласница) — џамија   Q100433311 нова статија
9. Преглово — село   Q3077568 значително подобрена статија
10. Јешил џамија (Преглово) — џамија   Q100502265 нова статија
11. Јени џамија (Преглово) — џамија   Q100501854 нова статија
12. Проска Река — река   Q20938318 нова статија
13. Дворци — село   Q3041866 значително подобрена статија
14. Црква „Св. Недела“ - Дворци — црква   Q100700172 нова статија
15. Лисичани — село   Q673934 значително подобрена статија
16. ОУ „Јунус Емре“ - Лисичани — основно училиште   Q12909219 нова статија
17. Црква „Св. Илија“ - Лисичани — црква   Q100997888 нова статија
18. Абди Бајрактар џамија — џамија   Q101111697 нова статија
19. Атишта — село   Q2869340 значително подобрена статија
20. Црква „Св. Димитриј“ - Атишта — црква   Q101208429 нова статија
21. Прва кичевска парохија — црковна парохија   Q101209450 нова статија
22. Дупјани — село   Q3038143 значително подобрена статија
23. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Дупјани — црква   Q102425281 нова статија
24. Црква „Св. Недела“ - Дупјани — црква   Q102425711 нова статија
25. Вранештица — село   Q3084373 значително подобрена статија
26. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Вранештица — црква   Q12910198 нова статија
27. Црква „Св. Илија“ - Вранештица — црква   Q12910210 нова статија
28. Црква „Св. Никола“ - Вранештица — црква   Q20497693 нова статија
29. ПУ „Ванчо Србаков“ - Вранештица — основно училиште   Q102328636 нова статија
30. Бигор Доленци — село   Q2902436 значително подобрена статија
31. Црква „Св. Антониј“ - Бигор Доленци — црква   Q15941269 значително подобрена статија
32. Црква „Св. Петка“ - Бигор Доленци — црква   Q12911911 значително подобрена статија
33. Црква „Св. Недела“ - Бигор Доленци — црква   Q101423136 нова статија
34. Карбуница — село   Q3077513 значително подобрена статија
35. Црква „Св. Никола“ - Карбуница — црква   Q20497730 нова статија
36. Козичино — село   Q610527 значително подобрена статија
37. Црква „Св. Атанасиј“ - Козичино — црква   Q20499519 нова статија
38. Патејчка Река — река   Q20943301 нова статија
39. Крушица (Кичевско) — село   Q3078707 значително подобрена статија
40. Црква „Св. Богородица“ - Крушица — црква   Q20500289 нова статија
41. Кочо Матевски — споменик   Q12283958 нова статија
42. Миокази — село   Q3077227 значително подобрена статија
43. Црква „Св. Атанасиј“ - Миокази — црква   Q104032456 нова статија
44. Црква „Св. Никола“ - Орланци — црква   Q20497749 нова статија
45. Орланци (Кичевско) — село   Q3078688 значително подобрена статија
46. Црква „Св. Недела“ - Орланци — црква   Q104192970 нова статија
47. Патец — село   Q3078724 значително подобрена статија
48. Црква „Св. Петка“ - Патец — црква   Q104193979 нова статија
49. Црква „Св. Димитриј“ - Рабетино — црква   Q104214328 нова статија
50. Рабетино — село   Q3078681 значително подобрена статија
51. Рабетинкол — историско-географска област   Q104518435 нова статија
52. Рабетинска Река — река   Q20938327 подобрена статија
53. Речани (Челопечко) — село   Q145876 значително подобрена статија
54. Црква „Св. Никола“ - Речани — црква   Q104383209 нова статија
55. Светораче — село   Q979234 значително подобрена статија
56. Црква „Св. Кузман и Дамјан“ - Светораче — црква   Q20497065 нова статија
57. Староец — село   Q3078700 значително подобрена статија
58. Црква „Св. Јован Крстител“ - Староец — црква   Q20562549 значително подобрена статија
59. ПУ „Зоре Николоски“ - Староец — основно училиште   Q104420959 нова статија
60. Челопеци — село   Q3078716 значително подобрена статија
61. Црква „Св. Илија“ - Челопеци — црква   Q20500268 нова статија
62. ПУ „Јунус Емре“ - Челопеци — основно училиште   Q104423574 нова статија
63. Џамија (Челопеци) — џамија   Q104422936 нова статија
64. Лазаровци — село   Q1754744 значително подобрена статија
65. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Лазаровци — црква   Q12293133 значително подобрена статија
66. Четврта кичевска парохија — црковна парохија   Q61119909 подобрена статија
67. Мамудовци — село   Q1704021 значително подобрена статија
68. Џамија (Мамудовци) — џамија   Q104537368 нова статија
69. Салихинова џамија (Мамудовци) — џамија   Q104537398 нова статија
70. Темница (река) — река   Q20931947 нова статија
71. Арангел (село) — село   Q2859533 значително подобрена статија
72. Џамија (Арангел) — џамија   Q104588884 нова статија
73. Гарани — село   Q3095292 значително подобрена статија
74. Жубрино — село   Q3139615 значително подобрена статија
75. РЕК „Осломеј“ — претпријатие   Q104737947 нова статија
76. Јагол — село   Q3137077 значително подобрена статија
77. Црква „Св. Никола“ - Јагол — црква   Q20497825 нова статија
78. Џамија (Јагол) — џамија   Q104642082 нова статија
79. Јагол Доленци — село   Q62360 значително подобрена статија
80. Црква „Св. Богородица“ - Јагол Доленци — црква   Q104642005 нова статија
81. ОУ „Наим Фрашери“ - Јагол Доленци — основно училиште   Q104664917 нова статија
82. Ново Село (Кичевско) — село   Q970969 значително подобрена статија
83. Црква „Вознесение Христово“ - Ново Село — црква   Q104704519 нова статија
84. Осломеј — село   Q2740577 значително подобрена статија
85. Црква „Св. Богородица“ - Осломеј — црква   Q104730313 нова статија
86. Црква „Св. Никола“ - Поповјани — црква   Q104730696 нова статија
87. Црква „Св. Никола“ - Туин — црква   Q104735479 нова статија
88. Црква „Св. Илија“ - Премка — црква   Q104736281 нова статија
89. Црква „Св. Атанасиј“ - Премка — црква   Q20499440 нова статија
90. Поповјани — село   Q3084350 значително подобрена статија
91. Стара џамија (Поповјани) — џамија   Q104763979 нова статија
92. Нова џамија (Поповјани) — џамија   Q104763990 нова статија
93. Премка — село   Q3139636 значително подобрена статија
94. Џамија (Премка) — џамија   Q104772437 нова статија
95. Србица — село   Q1026755 значително подобрена статија
96. ОУ „Ѓ.К. Скендербег“ - Србица — основно училиште   Q12909124 значително подобрена статија
97. Џамија (Србица) — џамија   Q104812909 нова статија
98. ОУ „Милто Гура“ - Стрелци — основно училиште   Q12909203 значително подобрена статија
99. ПУ „Наим Фрашери“ - Туин — основно училиште   Q12909167 значително подобрена статија
100. Стрелци — село   Q3137026 значително подобрена статија
101. Нова џамија (Стрелци) — џамија   Q104846407 нова статија
102. Осломејско Езеро — езеро   Q104868499 нова статија
103. Рудник „Осломеј“ — рудник   Q104978217 нова статија
104. ТЕЦ „Осломеј“ — електрана   Q104849389 нова статија
105. Туин — село   Q3137042 значително подобрена статија
106. Туинска Река — река   Q104904703 нова статија
107. Џамија (Туин) — џамија   Q104904680 нова статија
108. Црвивци — село   Q1026753 значително подобрена статија
109. Џамија (Црвивци) — џамија   Q104926623 нова статија
110. Шутово — село   Q2964619 значително подобрена статија
111. Џамија (Шутово) — џамија   Q104977003 нова статија

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Втора експедиција

уреди
 
Покриени подрачја во Општина Македонска Каменица со експедицијата
 
Покриени подрачја во Општина Кочани со експедицијата

Осоговија

уреди

За време на празничниот викенд дојде време за спроведување на втората експедиција за оваа година. Годинава е тешка за сите и очигледно носи само лоши работи, па така 2020 се покажа во своето најдобро издание и на оваа експедиција.

Попладнето на 9 октомври 2020 година (петок), членовите Kiril Simeonovski, Полупрофесионален Шофер и Ehrlich91 заминале кон градот Виница. Овојпат членот Деан Лазаревски не беше со нас. Градот Виница беше одбрана поради својата местоположба помеѓу двата града, Македонска Каменица и Кочани, како места одбрани за спроведување на експедицијата.

Прв ден

уреди

Откако станавме рано изутрина на 10 октомври 2020 година, тројцата членови се упатиле кон градот Македонска Каменица, каде појадувавме. Бидејќи селото Дулица има пристапен пат веднаш до браната на езерото Калиманци се одлучивме истото да го посетиме уште пред да пристигнеме во градот, каде беше предвидено да појадуваме. Селото со своите многубројни маала, кои ќе бидат особеност на оваа експедиција го завршивме брзо, бидејќи до секое маало водеше асфалтен пат.

По кратката пауза за појадок во градот, се упативме кон селото Луковица, кое е доста големо и располага со свое училиште. Селото е од растурен тип, но неговите маала се поблиску за разлика од останатите села. Во селото имаше извесен објект обележан како „манастир“, до кој имаше и два патокази, иако несомнено самиот изглед на објектот не беше налик на црква или манастир. Сепак, ние го фотографиравме заедно со останатите градби во селото. Додека бевме во ова село сакавме да пробаме да видиме дали би го нашле патот до соседното село Косевица, но сфативме дека не го бевме посетиле селото Тодоровци, кое е сместено на самиот регионален пат Македонска Каменица-Делчево. На враќање од ова село, при разговор со еден мештанин сфативме дека главното маало на селото Тодоровци се наоѓало малку погоре отколку тоа маало, кое ние го фотографиравме на самиот пат. За време на целата експедиција главно се потпиравме на апликацијата „Викимапија“, на која беа означени поголемиот дел од маалата на селата и во голем дел ја олесни работата на оваа експедиција.

Откако се вративме повторно во Луковица, тргнавме кон најисточниот дел на општината, до селото Костин Дол, до кое изненадувачки водеше асфалтен пат, иако селото е релативно многу оддалечено и не е толку населено. Кога стигнавме во него сфативме дека во него се наоѓала поранешна караула на АРМ. Од тоа село по земјен пат во многу добра состојба се упативме кон селото Косевица, од каде се пружи одличен поглед на самото село, но и на целата област над Каменица. Поминавме низ самото сретсело, го фотографиравме објектот на училиштето во селото, како и повеќе негови маала и се приклучивме на регионалниот пат.

Потоа низ градот Македонска Каменица продолживме кон селата Моштица, Цера и Саса, како и истоимениот рудник. Најпрвин влеговме во селото Моштица, кое беше релативно збиено село во споредба со сите останати во областа. Потоа се упативме кон големото село Саса, во кое се наоѓа училиште и каде малку на среќа го најдовме патот до манастирот „Св. Архангел Михаил“. Црквата се наоѓа на доста висок дел и до нејзе води мешан пат, асфалтниот пат завршува до последните куќи на последното маало на селото, од каде продолжува како земјен, кој е во добра состојба. Откако се спуштивме на сретселото на Саса, продолживме кон рудникот „Саса“, каде го видовме езерото со јаловина, како и коритото на Каменичка Река, каде пред само месец дена се случи огромна еколошка катастрофа од излевање на јаловината.

Потоа продолживме кон селото Цера, до кое води асфалтен пат од самиот град, но ние видовме дека со новоизградениот асфалтен пат до Мечкарско Маало на селото Саса ќе бидеме во близина на самото село Цера, поради што и одлучивме да одиме така. Откако заврши асфалтниот пат возевме по земјен пат, кој не донесе до самиот манастир „Еленец“. Пристапните патишта до манастирот биле направени со проект за меѓугранична соработка, поради што околината на манастирот е навистина убава. Самата црква „Покров на Пресвета Богородица“, исто така, остава впечаток со својата градба. На нашето заминување се сретнавме со чичко Ѓоко од Автокоманда, кој дошол пред 10 години во Цера и одлучил тука да чува пчели и да си подигне своја викендица. По пријатниот разговор си разменивме броеви и се поздравивме, одбивајќи ја неговата покана за ракија кај него во викендицата.

Иако чичко Ѓоко ни кажа да одиме преку Пресека и Безиково, кочански села, ние бевме решени да отидеме преку селото Главовица и да се префрлиме преку брдото до Небојани и Мишино. Откако од Цера почнавме значително да се спуштаме, почнавме да се качуваме кон Главовица. Гледајќи пат за куќите до Главовица, на една кривина, иако патот водеше лево, се вративме и продолживме десно низ една шума и доста лош пат, каде на крајот сретнавме и еден трактор, кој буквално стоеше на самиот пат. Откако мештаните ни укажаа дека тоа било стар пат, се вративме на претходниот земјен пат и продолживме нагоре. Од сртот на брдото, јас и Кирил пеш се упативме кон селото Главовица, кое го фотографиравме од горе.

Потоа, самоуверени од одличните земјени патишта во самата Каменица и одличниот предел продолживме кон Небојани. На патот до таму од левата страна застанавме до еден бетонски споменик подигнат во чест на Раде Кратовче и Љупчо Сантов, кои биле убиени од страна на бугарскиот фашистички окупатор на тоа место на 23 март 1944 година. По кратко време од споменикот пристигнавме до една раскрсница, каде застанавме за да одлучиме како да продолжиме. Иако имавме повеќе предлози, одлучивме дека најпрвин ќе отидеме до некогашното село Мишино, а денес само маало на Небојани. Патот веднаш се влоши и имаше доста бразди и камења. На едно место забележавме двоење од десно по трева. Додека да размислиме дали тоа е вистинскиот пат и дали станува збор за заобиколување, пред нас се појави вир со кал, во кој набрзо и влеговме, но не излеговме толку брзо. Сфативме дека заглавивме во вирот, поради што излеговме надвор за да ја процениме состојбата. Едното тркало беше длабоко во калта, а другите две беа до половина. Веднаш се фативме за работа, пробувајќи да ја чистиме калта пред и зад тркалата, местејќи гранки и камења и пробувајќи да го турнеме џипот. Сепак, сите овие обиди кои траеја и до час и пол не успеаја, поради што моравме да побараме помош. Така се обративме до чичко Ѓоко поради неговата близина, кој за кратко време стапи во контакт со мештаните во Главовица. На крајот, дојде истиот трактор кој го сретнавме на патот за Главовица. Тракторот дојде за еден час и го извлече џипот веднаш.

Сепак спуштањето од Мишино стана јасно дека ќе биде авантура на неполни 200 метри подоцна, каде повторно не пречека сличен вир. Откако заобиколивме низ шума и нива се спуштивме низ селото, каде не пречекаа уште бројни слични вирови со кал, а моравме и да ја поминеме самата река. Некако дојдовме до асфалтот до маалото Крушка на селото Полаки, од каде се спуштивме во Кочани.

Втор ден

уреди

Откако се уверивме дека возилото е во исправна состојба, единствено со оштетување на ламелата, продолживме во посета на селата во кочанскиот дел на областа Осоговија. Најпрвин се упативме кон селото Безиково и Пресека. Откако асфалтниот пат заврши кратко по патоказот за манастирот „Св. Харалампиј“, продолживме кон селото Пресека, каде го фотографиравме главното маало и црквата „Св. Богородица“. Потоа заминавме кон селото Безиково и стигнавме до црквата „Св. Ѓорѓи“ подигната во поново време. Оттаму се вративме по земјениот пат, кој на места е раскопан и со бразди и продолживме со намера да свртиме кон манастирот. Кога стигнавме кај патоказот свртевме кон манастирот и по кратко време сретнавме друго возило. Луѓето ни кажаа дека патот до манастирот е во релативно добра состојба и дека единствено ќе треба да поминеме низ два дола. Првиот дол претставуваше предизвик, особено со оглед на вчерашната ситуација, но сепак успешно пројдовме. Манастирот „Св. Харалампиј“ се наоѓа на доста висока точка, но за жал неговата околина и не е така добро средена.

Откако се вративме во Оризари, преку кочанската населба Усова Чешма продолживме кон другите села. Најпрвин по пат ни се најде селото Припор, а исто така влеговме и во неколку маала на Горно Гратче. За селото Вранинци мислевме дека ќе биде возможно да го фотографираме од патот, но не беше така. Сепак за време на спуштањето по новоизградениот пристапен пат за браната Речани се пружи одличен поглед на селото Вранинци. Откако стигнавме до крајот на патот, на враќање го видовме тревнастиот пат кој водеше до неколкуте останати куќи од Речани. Сепак таму мештаните ни укажаа дека селото има своја црква „Св. Илија“, која се наоѓа на патот за Полаки. Откако пројдовме уште неколку маала на селото Горно Гратче дојдовме до црквата.

Од селото Полаки посетивме само едно негово маало, по што продолживме десно кон селата Небојани, Мишино, Ново Село и Костин Дол. Новиот асфалтен пат за овие села заврши пред маалото Реката на селото Полаки, од каде имаше три краци. Се одлучивме да направиме круг преку Небојани да стигнеме до Ново Село и преку Костин Дол да се вратиме назад. По пат сретнавме мештани, кои ни укажаа дека мостовите на реката на третиот крак не се за користење, туку да ја преминеме реката. По стрмни кривини се искачивме до селото Небојани, каде во маалото Просија ја најдовме црквата „Св. Богородица“. Црквата со својата градба и уреденост на својата околина изненади во целост. Од таму продолживме над селото и дојдовме до поглед на баксузното Мишино од вчерашниот ден, како и до главното маало на Небојани. Кратко потоа состојбата на земјениот пат значително се влоши и на крајот се појави вир со кал во многу слична состојба како претходниот ден, поради што решивме дека не вреди да ризикуваме и се вративме. Поради тоа, селата Костин Дол и Ново Село останаа за посета во некоја следна прилика. Од селото Костин Дол направивме единствено панорамска фотографија од далеку.

Веќе кон вториот дел на денот, отидовме преку градот Кочани до атарот на некогашното село Долно Гратче и изградената акумулација Гратче. Оттаму се упативме над браната, каде на 1 километар по патот се наоѓаат водопадите, кои се преливаат преку поранешната преливна брана останата од времето на градба на езерото. Овие водопади во текот на изминатото лето станаа одредиште за многумина, што можеше да се забележи и од количеството на ѓубре фрлено наоколу.

Кон крајот на денот се упативме кон селото Бели, во кое брзо ја пронајдовме главната селска црква, а потоа се упативме кон манастирот, во кој се наоѓа 700-годишен даб, кој е заштитен споменик на природата. На враќање во селото забележавме нова црква, која не ни беше запишана дека постои во селото. Од Бели, продолживме по патот за Пониква. По патот мислевме дека ќе забележиме куќи на селото Црвена Нива, но сепак не се пружи таква прилика. Продолживме да се искачиме и скршнавме кај селото Лешки, кое го фотографиравме. Потоа продолживме да се качуваме и поминавме низ селото Пашаџиково, каде ја пронајдовме и фотографиравме новата црква „Св. Климент Охридски“.

Горе на пистата на Пониква ја завршивме оваа напорна и авантуристичка експедиција, која за среќа имаше добар крај.

Исход

уреди

Експедицијата ја завршивме со посетени 22 села и поминати над 650 километри. Иако по број на села делува помалку од останатите експедиции, по бројот на поминати километри, но и посетени бројни маала на овие села од растурен тип, како и несреќата во првиот ден, можеме да кажеме дека имавме успешна експедиција.

Галерија

уреди
Статии
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. ПУ „Кирил и Методиј“ - Дулица — основно училиште   Q105271526 нова статија
2. ПУ „Кирил и Методиј“ - Моштица — основно училиште   Q105271553 нова статија
3. ПУ „Кирил и Методиј“ - Саса — основно училиште   Q105271564 нова статија
4. Каменичка Река — река   Q104035403 значително подобрена статија
5. Оризарска Река — река   Q11207949 значително подобрена статија
6. Бела Река (Осогово) — река   Q61120166 подобрена статија
7. Црна Река (Осогово) — река   Q105271683 нова статија
8. Селска Река (Осогово) — река   Q20936410 нова статија
9. Рудник „Саса“ — рудник   Q105271804 нова статија
10. Саса (јаловиште) — јаловиште   Q105271779 нова статија
11. Саски манастир — манастир   Q105454095 нова статија
12. Црква „Св. Архангел Михаил“ - Саса — црква   Q105454141 нова статија
13. Еленец — манастир   Q20567411 подобрена статија
14. Црква „Покров на Пресвета Богородица“ - Цера — црква   Q105454320 нова статија
15. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Пресека — црква   Q105454396 нова статија
16. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Безиково — црква   Q105454480 нова статија
17. Пресечки манастир — манастир   Q105454543 нова статија
18. Црква „Св. Харалампиј“ - Пресека — црква   Q105454653 нова статија
19. Речански манастир — манастир   Q105454748 нова статија
20. Црква „Св. Илија“ - Речани — црква   Q105454905 нова статија
21. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Небојани — црква   Q105455019 нова статија
22. Црква „Вознесение Христово“ - Бели — црква   Q105514470 нова статија
23. Црква „Св. Петка“ - Бели — црква   Q105514537 нова статија
24. ПУ „Кирил и Методиј“ - Бели — основно училиште   Q105514499 нова статија
25. Белски манастир — манастир   Q105549007 нова статија
26. Црква „Св. Илија“ - Бели — црква   Q105549494 нова статија
27. Белски Даб — даб   Q105549511 нова статија
28. Црква „Св. Климент Охридски“ - Пашаџиково — црква   Q105553915 нова статија
29. Помошна писта Пониква — аеродромска писта   Q105553922 нова статија
30. Каменичка парохија — црковна парохија   Q105549763 нова статија
31. Оризарска парохија — црковна парохија   Q105549559 нова статија
32. Велика Река (Осогово) — река   Q29035037 подобрена статија
33. Гратчевски Водопад — водопад   Q105549965 нова статија
34. Гратче (езеро) — езеро   Q20566061 нова статија
35. Дулица — село   Q3038111 значително подобрена статија
36. Луковица (Делчевско) — село   Q3134173 значително подобрена статија
37. Косевица — село   Q3134135 значително подобрена статија
38. Костин Дол (Делчевско) — село   Q3134413 значително подобрена статија
39. Моштица — село   Q3134383 значително подобрена статија
40. Тодоровци — село   Q3134403 значително подобрена статија
41. Саса — село   Q3086672 значително подобрена статија
42. Цера — село   Q3134142 значително подобрена статија
43. Главовица — село   Q3086756 значително подобрена статија
44. Пресека — село   Q640470 значително подобрена статија
45. Безиково — село   Q2900535 значително подобрена статија
46. Припор (Кочанско) — село   Q3086780 значително подобрена статија
47. Горно Гратче — село   Q3086973 значително подобрена статија
48. Вранинци — село   Q3086832 значително подобрена статија
49. Речани (Кочанско) — село   Q3133820 значително подобрена статија
50. Полаки — село   Q3044314 подобрена статија
51. Костин Дол (Кочанско) — село   Q3086748 значително подобрена статија
52. Небојани — село   Q3086761 значително подобрена статија
53. Мишино — историско село   Q29532868 подобрена статија
54. Долно Гратче — село   Q3034214 значително подобрена статија
55. Бели — село   Q2894422 значително подобрена статија
56. Лешки — село   Q3086738 значително подобрена статија
57. Пашаџиково — село   Q3086805 значително подобрена статија
58. Љупчо Сантов — личност   Q106291806 подобрена статија
59. Раде Кратовче — личност   Q106291820 подобрена статија
60. Калиманци (езеро) — езеро   Q3215463 подобрена статија

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Трета експедиција

уреди
 
Покриени подрачја во Општина Карбинци со експедицијата

Плачковица и долина на Брегалница

уреди

Повторно дојде празничен викенд и повторно ние го искористивме за да ја спроведеме нашата трета експедиција за оваа година. Повторно, 2020 се покажа во одлично светло и повторно наидовме на механички проблеми, кои ги надминавме доста брзо и на крајот имавме одлична експедиција.

Попладнето на 22 октомври 2020 година (четврток), членовите Kiril Simeonovski, Полупрофесионален Шофер и Ehrlich91 заминале кон градот Штип.

Прв ден

уреди

Општината Карбинци е рурална и мала општина, но сепак крие во себе убавини, кои не се познати на многумина.

Ние се решивме да ја истражуваме од нејзиниот најисточен дел, односно најпрвин да отидеме до најоддалечените села, Руљак и Припечани, до кои има само земјен пат, кој започнува од селото Црвулево. Возејќи по регионалниот пат за Плачковица (како што е означен на патоказите) се исклучивме кај селото Аргулица и продолживме кон селото Црвулево. Веднаш се упативме кон селото Припечани, до кои на крајот решивме да не одиме и го фотографиравме од блиска оддалеченост само како панорама, откако имавме запишано дека таму има само неколку останати куќи. Подоцна, откако се симнавме во Руљак ни укажаа на две работи, дека во Припечани имало зачувана градба на бугарската жандармерија и дека во Руљак постои мала црква „Св. Илија“, за која исто така немавме информации при нашите претходни истражувања. Во Руљак имавме убав муабет со мештаните, особено за пристапот до нивното село, земјен пат кој само повремено бил поправан од надлежните општински или државни власти.

На враќањето во Црвулево имавме можност за убава панорамска фотографија на двете села, Аргулица и Црвулево. Во Црвулево се наоѓа и срушено минаре, остаток од некогашните жители, Турците, кои побегнале од Македонија во 1950-тите години. Сакајќи да тргнеме до селската црква ни се случи вториот дефект во историјата на нашите експедиции, дупната гума. Излеговме на асфалт и иако без искуство, но со потребниот алат сепак се снајдовме и ја сменивме гумата. Заглавивме единствено кај вадењето на гумата, но мештанин кој застана со своето возило ни помогна брзо и продолживме со менувањето. На крајот успеавме да го најдеме и вулканизерот во Карбинци, кој ни ја залепи дупнатата гума и со тоа повторно имавме резервна гума.

Откако потрошивме време при менувањето на гумата, можеби слично време поминавме и низ селото Аргулица, можеби село со најмногу верски објекти (цркви и параклиси) по број на жители. Низ самото село и околината се распрскани многу параклиси и објекти во градба посветени на бројни светци, од кои можеби најимпресивно е подигнувањето на Аргуличкиот манастир „Св. Спас“, кој би имал 12 храмови на сите апостоли. На пат за тој манастир има уште неколку други верски објекти, а сличен помал манастир има и во непосредната близина на селото.

Иако првично ни беше планот веднаш да се вратиме на регионалниот пат и да продолжиме кон патот за Плачковица до селото Вртешка, сепак го изменивме планот за да поминеме во вулканизерот во Карбинци. На наша среќа работеше. Иако на прв поглед веруваше дека гумата, која ја имаше погодено страничен камен не може да се залепи, сепак на крајот на денот излезе дека можело. Во меѓувреме додека ние бевме кај вулканизерот, Кирил веќе ги фотографираше битните општински установи сместени една до друга во близина на самиот вулканизер. Подоцна, продолживме низ самото село и можеби најмногу време поминавме барајќи ја Куќата на Дамбеви, објект прогласен за културно наследство на Македонија.

По овој прекин, продолживме со нашиот план и се вративме на регионалниот пат, претходно застанувајќи во селото Козјак и наоѓалиштето Баргала во негова близина. Селото Козјак е мало и од збиен тип и е можеби најчесто посочувано погрешно како место за посета на скопскиот Козјак на друштвените мрежи. Пред вртењето за Баргала повторно не беше среќата на наша страна, па така имавме рутинска проверка од полицијата. Сепак поминавме добро и продолживме кон Баргала, која изненади со својата раскошност. Наоѓалиштето е доста големо и поседува значителен дел на зачувани остатоци од некогашните градби. Целосно го препорачуваме да го посетите доколку не сте биле никогаш.

Откако направивме доста фотографии, како од местото, така и од нас самите, продолживме нагоре кон Вртешка. Бевме договорени дека ќе ги посетиме селата како што доаѓаат, наспроти дотогашната наша пракса да тргнеме од последното село, поради можноста да треба да се вратиме за гумата, која ја оставивме кај вулканизерот. По Козјак следеше селото Калаузлија, од кое веќе имавме панорамска фотографија од далечина од патот Припечани-Руљак. Пред самото село се наоѓа манастирот „Св. Петка“, како и местоположбата на некогашното село Џумалија.

Низ селата Кепекчелија и Јунузлија, сместени непосредно на регионалниот пат поминавме брзо, додека селото Ебеплија го фотографиравме од далечина. Кај селото Прналија се наоѓа помошна писта на планината Плачковица, која е дел од регионалниот пат и била изградена во поранешната Југославија. Бидејќи покрај тоа село, на тоа исклучување се наоѓаат уште две други, одлучивме да се искачиме до најоддалеченото Вртешка, каде до планинарскиот дом е изграден нов асфалтен пат. Околу домот се наоѓаат и неколкуте преостанати селски куќи, како и новоизградената црква „Св. Ѓорѓи“. Во близина на селото и по друг пат постои и викенд-населба Вртешка. Од ова место се пружаат бројни можности за планинарење и пешачење и вреди некогаш да го посетите овој дом.

На враќањето кон нашиот вулканизер во Карбинци, застанавме единствено во селото Јунузлија, каде се обидовме да го најдеме историското село Терзилија, но сфативме дека до него води само козја патека.

Откако ја земавме гумата, првиот ден го заокруживме со посета на низинските села, Таринци, Долни Балван и Нов Караорман. Таринци, кое е во непосредна близина на Карбинци, всушност има повеќе жители отколку самото општинско средиште и е развиено село со спортски терени, училиште, амбуланта и селска црква, до која се гради поголем објект на некогашното место на малата црква „Св. Димитриј“. Во Долни Балван брзо се снајдовме, бидејќи селската црква, училиштето и железничката станица се наоѓаат во близина. Низ селото поминува пругата Скопје-Кочани, но и стариот регионален пат Штип-Кочани, кој е заменет со експресниот пат Три Чешми-Крупиште. На крајот го посетивме малото село Нов Караорман, кое е последно село во Карбинци и е во близина на големото штипско село Стар Караорман.

Втор ден

уреди

Вториот ден тргнавме од најтешкото или најнепристапните села во областа. Се упативме кон селото Радање, чија селска џамија (Џамија Махмуд Ага (Радање)) е прогласена за културно наследство и може да се забележи дека истата била обновена од турската агенција ТИКА. Оттаму планот ни беше да дојдеме до селата Голем и Мал Габер, до кои требаше да го преминеме исушеното корито на Радањска Река. До Голем Габер води катастрофален пат со големи бразди. Во селото најдовме срушено минаре, а мештанинот Рамче ни кажа дека џамијата е стара најмалку 300 години, но е во исклучително запуштена состојба. Истиот мештанин ни кажа да не се враќаме по истиот пат, туку до Мал Габер да дојдеме по друг пат, кој не се покажа во подобро светло. Во Мал Габер, како што ни кажа Рамче, има остатоци само од поранешното училиште, во кое некогаш учеле дури и децата од селата на другата страна на реката сместени високо на планината, односно Курфалија и Оџалија.

Откако бевме до местоположбата на Мал Габер и ги најдовме рушевините на училиштето, се упативме кон кањонот Камник, слабо познато место, кое е нарекувано дури и „македонското Колорадо“. Го паркиравме возилото во исушеното корито (на стотина метри десно од поставената табла, односно на самата кривина за десно). Оттаму тргнавме пеш и сфативме дека нема официјална патека, туку дека изгазената козја патека се движи најпрвин на десниот брег на коритото, а потоа на левиот брег на Кошевска Река, на која се наоѓа кањонот. Водејќи се по ознаката на Гугл Карти (Google Maps) сфативме дека фотографиите од кањонот не се наоѓаат на тоа место, туку дека тоа е точка каде почнува самиот кањон. Ние одевме околу половина час, кога сме направиле грешка и се упативме високо лево над кањонот. На крајот се откажавме, но доколку сакате да дојдеме до овој мал, но импресивен кањон, треба да останете да се движите во самото корито на реката или во негова непосредна близина.

По оваа неуспешна мисија се вративме до Радање, каде накусо им го објаснивме истово и на едни скопјани упатени кон кањонот. Потоа се упативме кон селата Курфалија и Оџалија, до кои има асфалтен пат, со еден кус прекин од стотина метри. Селото Кучилат, иако означено на картите, сфативме дека не постои повеќе и дека до него води единствено козја патека, поради што и не го фотографиравме. Селото Оџалија иако е толку оддалечено поседува подрачно училиште на главното средишно училиште „Страшо Пинџур“ од Карбинци.

Поминувајќи повторно кај Баргала се упативме кон Вртешка повторно со цел да ги довршиме селата Прналија, Муратлија и Кучица. Селото Прналија е доста големо и затекнавме веселба со вообичаени јуручки елементи на свадба. Селото Муратлија е некогашна населба, за денес да има само едно бачило на негово место. До селото Кучица треба да се спуштите доста ниско, но истото е сместено на рамен терен.

Крајот на денот ни беше одреден за низинските села во општината, па така се упативме најпрвин кон Горни Балван, кое иако близу регионалниот пат е во многу лоша состојба и скоро сите куќи се напуштени и срушени. Селото Батање има интересна историја дека било планирано да биде најголемата населба во Овче Поле и било основано во 1920 година од страна на тогашните власти, населувајќи српски доселеници. Сепак, поради честите напади на четите на ВМРО доселениците го напуштиле Батање, па денес одвај да има три останати објекти, сместени на пат кон селата Долно и Горно Трогерци. Во Долно Трогерци, исто така, затекнавме напуштени куќи, но самата селска црква и сретселото се обновени и се гледа дека постои иницијатива за одржување на самото село. До него води асфалтен пат, кој како земјен продолжува нагоре кон Горно Трогерци. Уште на патот кон Горно прочитавме за манастир „Св. Петар и Павле“, но не знаевме каде точно се наоѓа. Доаѓајќи во самото село, Горно Трогерци, и разговорот со мештанин ни кажа дека манастирот бил на три села, Горно Трогерци, Трооло и Судик. По добро разгледување на сателитските снимки наидовме на нешто што личи на објекти и се упативме натаму. Трудот вредеше за одличниот поглед кој се пружаше на целата област од самиот манастир.

Експедицијата ја завршивме со посетата на поголемото село Крупиште, кое е плански градено со прави улици и кое има повеќе општествени објекти.

Исход

уреди

Експедицијата ја завршивме со посетени 27 села, 2 историски села и поминати над 430 километри. Како тргна оваа експедиција, бројката на посетени села е одлична.

Галерија

уреди
Статии
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. Батање — село   Q2153539 значително подобрена статија
2. Планинарски дом „Вртешка“ — планинарски дом   Q105046149 нова статија
3. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Вртешка — црква   Q105046477 нова статија
4. Вртешка — село   Q26300 значително подобрена статија
5. Голем Габер — село   Q26277 значително подобрена статија
6. Вртешка (река) — река   Q22092024 нова статија
7. Карбинска парохија — црковна парохија   Q105081890 нова статија
8. Горни Балван — село   Q36559 значително подобрена статија
9. Црква „Св. Јован Крстител“ - Горни Балван — црква   Q20498800 нова статија
10. Горнобалванска парохија — црковна парохија   Q105087044 нова статија
11. Горно Трогерци — село   Q36565 значително подобрена статија
12. Црква „Св. Троица“ - Горно Трогерци — црква   Q20499488 нова статија
13. Црква „Св. Петар и Павле“ - Горно Трогерци — црква   Q105105770 нова статија
14. Трогерски манастир — манастир   Q105105813 нова статија
15. Долни Балван — село   Q36830 значително подобрена статија
16. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Долни Балван — црква   Q20497350 нова статија
17. ПУ „Страшо Пинџур“ - Долни Балван — основно училиште   Q105134378 нова статија
18. ЖС „Долни Балван“ — железничка станица   Q105133953 нова статија
19. Долно Трогерци — село   Q36567 значително подобрена статија
20. Црква „Вознесение Христово“ - Долно Трогерци — црква   Q105170685 нова статија
21. Ебеплија — село   Q33444 значително подобрена статија
22. Јунузлија — село   Q33451 значително подобрена статија
23. Калаузлија (Штипско) — село   Q33429 значително подобрена статија
24. Џумалија — историско село   Q12278043 значително подобрена статија
25. ПУ „Страшо Пинџур“ - Калаузлија — основно училиште   Q105240485 нова статија
26. Црква „Св. Петка“ - Калаузлија — црква   Q105278031 нова статија
27. Калаузлиски манастир — манастир   Q105278227 нова статија
28. Џамија (Калаузлија, Штипско) — џамија   Q105277414 нова статија
29. Карбинци — село   Q2990706 значително подобрена статија
30. ОУ „Страшо Пинџур“ - Карбинци — основно училиште   Q12909240 значително подобрена статија
31. Општина Карбинци — општина   Q1346554 подобрена статија
32. Црква „Вознесение Христово“ - Карбинци — црква   Q26772404 нова статија
33. Гено Димитров — споменик   Q12276206 нова статија
34. Кепекчелија — село   Q33446 значително подобрена статија
35. Козјак (Штипско) — село   Q3134565 значително подобрена статија
36. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Козјак — црква   Q15985088 значително подобрена статија
37. Баргала — археолошко наоѓалиште   Q2884464 подобрена статија
38. Козјачка Река — река   Q105339719 нова статија
39. Курфалија — село   Q26194 значително подобрена статија
40. Сејдилија — историско село   Q12293493 значително подобрена статија
41. Крупиште — село   Q36563 значително подобрена статија
42. Црква „Св. Никола“ - Крупиште — црква   Q12911883 значително подобрена статија
43. ПУ „Страшо Пинџур“ - Крупиште — основно училиште   Q105411958 нова статија
44. Параклис „Св. Кирил и Методиј“ - Крупиште — параклис   Q105414242 нова статија
45. Кучица — село   Q33432 значително подобрена статија
46. Џамија (Кучица) — џамија   Q105427347 нова статија
47. Мал Габер — село   Q26279 значително подобрена статија
48. Муратлија — село   Q33437 значително подобрена статија
49. Нов Караорман — село   Q3134618 значително подобрена статија
50. Оџалија — село   Q26310 значително подобрена статија
51. ПУ „Страшо Пинџур“ - Оџалија — основно училиште   Q105441254 нова статија
52. Џамија (Оџалија) — џамија   Q105441320 нова статија
53. Припечани — село   Q33449 значително подобрена статија
54. Прналија (Штипско) — село   Q33435 значително подобрена статија
55. Помошна писта Плачковица — аеродромска писта   Q105488263 нова статија
56. ПУ „Страшо Пинџур“ - Прналија — основно училиште   Q105488462 нова статија
57. Џамија (Прналија, Штипско) — џамија   Q105488496 нова статија
58. Радање — село   Q3134599 значително подобрена статија
59. ПУ „Страшо Пинџур“ - Радање — основно училиште   Q105504130 нова статија
60. Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Радање — црква   Q24232989 значително подобрена статија
61. Мехмед-агина џамија (Радање) — џамија   Q25553707 нова статија
62. Руљак — село   Q33250 нова статија
63. Црква „Св. Илија“ - Руљак — црква   Q105532695 значително подобрена статија
64. Кошевска Река — река   Q20942532 нова статија
65. Камник (кањон) — кањон   Q105550794 нова статија
66. Таринци — село   Q3134608 значително подобрена статија
67. Црква „Св. Димитриј“ - Таринци — црква   Q105550169 нова статија
68. ПУ „Страшо Пинџур“ - Таринци — основно училиште   Q105550100 нова статија
69. Црвулево — село   Q3134512 значително подобрена статија
70. Црква „Вознесение Христово“ - Црвулево — црква   Q105607581 нова статија
71. Аргулица — село   Q2861063 значително подобрена статија
72. Црква „Св. Илија“ - Аргулица — црква   Q105679745 нова статија
73. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Аргулица — црква   Q105680599 нова статија
74. Црква „Св. Петка“ - Аргулица — црква   Q105680806 нова статија
75. Параклис „Дванаесет Апостоли“ - Аргулица — параклис   Q105681993 нова статија
76. Параклис „Покров на Пресвета Богородица“ - Аргулица — параклис   Q105682031 нова статија
77. Света вода „Св. Јован и Св. Харалампиј“ - Аргулица — света вода   Q105682061 нова статија
78. Света вода „Св. Ѓорѓи“ - Аргулица — света вода   Q105682122 нова статија
79. Аргулички манастир „Вознесение Христово“ — манастир   Q105681963 нова статија
80. Аргулички манастир „Св. Јован Крстител и Св. Атанасиј“ — манастир   Q105681856 нова статија
81. Аргулички манастир „Св. Петка“ — манастир   Q105681654 нова статија

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Четврта експедиција

уреди
 
Покриени подрачје во Општина Свети Николе во оваа експедиција.

Овче Поле

уреди

Поради близината на областа до главниот град, четвртата експедиција одлучивме да ја спроведеме во два дела, па така најпрвин на 7 ноември го посетивме северниот и источниот дел на областа Овче Поле, а на 14 ноември ги посетивме источниот и јужниот дел на областа Овче Поле.

На оваа експедиција учествувале членовите Kiril Simeonovski, Полупрофесионален Шофер, Ehrlich91 и Деан Лазарески на првиот дел, додека на вториот дел покрај споменатите членови учество земала и Леа Матеска.

Прв дел

уреди

Утрината на 7 ноември (сабота), членовите се упатиле кон Светиниколско веќе спремни од претходниот ден со бензин и намирници, поради што веќе во 9 часот ние бевме во првото село во областа, односно во раселеното село Мездра, кое всушност се наоѓа веднаш до регионалниот пат Свети Николе-Куманово.

Иако селото Павлешенци е поврзано со асфалт изгубивме доста време додека ја најдеме нивната селска црква, која е буквално сместена меѓу селските куќи и не е баш препознатлива. Сепак, асфалтот брзо го изгубивме и така кога скршнавме за селото Долно Ѓуѓанци, каде се наоѓаат уште селата Горно Ѓуѓанци и Строиманци, асфалтот траеше до селската црква во првото село. Најпрвин, се упативме до Строиманци, кое е единствено село во областа, кое е всушност од разбиен тип и реално не е типично овчеполско село. За жал, пробавме да стигнеме до главното маало, но го фотографиравме само од далечина, а го посетивме маалото Коларци. На враќање го фотографиравме селото Горно Ѓуѓанци. Патот и до двете села е во лоша состојба и единствено беше добро што беше сув период од годината.

На скршнувањето за Стањевци повторно имавме контрола од полициска патрола, вторпат годинава. Иако селото има збиен тип и е лесно пристапно, тоа не важи за селската црква, која дури и со објаснувањето на мештаните е тешко да се пронајде. По два обиди, дојдовме до нејзе и успеавме да ја документираме.

Подоцна се упативме кон селото Орел, низ кое поминува истоимената река и поседува извиднички дом. Иако постои земјен пат до селото Немањици, сепак се решивме да не ризикуваме и да стигнеме до него преку регионалниот пат Свети Николе-Пробиштип. Таму, најпрвин се упативме до месноста Старо Село, каде постои обновената црква „Св. Илија“, а подоцна се прошетавме и низ самото село, кое е на самиот регионален пат.

Пред да свртиме кон Мечкуевци, скршнавме за селото Ранченци, кое има збиен тип. Од него, на наше изненадување, до селото Патетино водеше асфалтен пат поради што и го посетивме. Селото Макреш останува за некое подобро време, бидејќи буквално не постоеше пат до него или е тешко пристапен. На крај завршивме со посета на манастирот „Св. Недела“ во атарот на селото Ранченци.

Подоцна, продолживме до селото Мечкуевци, кое покрај главната селска црква поседува и новоизградена на крајот од селото. Токму од таа црква се решивме да дојдеме до најтешко пристапните села во областа, Буриловци, Арбасанци и Стануловци. Патот водеше покрај ниви и освен поголемата вегетација немаше калливи делови. Сепак, еден момент водотек беше претрупан со камења поради што моравме да изнајдеме алтернативен пат и на крајот успешно го поминавме тој дел.

Се покажа дека вредеше маката, бидејќи во Буриловци се наоѓа црквата „Св. Никола“, заштитен споменик на културата, за која се смета дека е најстара црква во Овчеполието. Црквата делува дека била конзервирана во последните години и надворешно изгледа доста зачувано, иако нејзиниот фрескоживопис се гледа дека е оставен на забот на времето. Од ова село се упативме кон останатите две. Бидејќи во Арбасанци немавме податок дека постои нешто, само го фотографиравме од далечина, додека во Стануловци, иако целосно напуштено, успешно ја најдовме црквата „Св. Димитриј“. Црквата е во потполност срушена и може да се препознае дека е црква единствено по апсидата и ѕидините кои ја опкружувале некогашната црква.

Експедицијата ја завршивме на езерото Мавровица, поминувајќи 275 километри и посетени 14 села.

Втор дел

уреди

Вториот дел на експедицијата се спровел една седмица подоцна, на 14 ноември (сабота) со намера да се посетат преостанатите села од Овче Поле. На тргнувањето во Скопје имаше густа магла, која траеше до превојот на автопатот Скопје-Свети Николе. Таму целосно се исчисти и понатаму во денот уживавме во сонцето со што имавме одлични услови.

Најпрвин се исклучивме на излезот од автопатот кај селото Преод, упатувајќи се најпрвин кон селото Малино, кое всушност се наоѓа близу превојот Јокуш на регионалниот пат Скопје-Свети Николе. Селото нема во целост асфалтен пат и поседува две цркви, од кои едната е доста надвор од селото. Во минатото селото поседувало основно училиште. Потоа, се упативме кон селото Алакинци, до кое се стигнува преку земјен пат во близина на автопатското исклучување за Преод. Во селото успешно ја најдовме црквата, иако предниот нејзин дел е срушен, а нејзината околина е целосно срасната, со што некако продолжи низата на полусрушени и срушени цркви во оваа област.

Потоа се упативме кон селото Сопот, кое име доста чест топоним за свое име. Во селото брзо ги најдовме црквата, старото училиште и неколкуте селски чешми, кои се доста распространети во оваа област. Бидејќи утврдивме дека селото е поврзано со Преод со посебен земјен пат одлучивме да го следиме патот. На моменти беше во доста лоша состојба, но сепак овој пат ни овозможи полесно да ја најдеме главната селска црква во селото Преод, која е доста горе во селото и скоро неприметна од далеку, иако има завидна големина. Од Преод сакавме да се искачиме директно кај излетничкото место пред Ѓуришкиот манастир, но откако видовме дека станува збор за лош земјен пат се премисливме и отидовме преку асфалтниот пат.

Како се движевме кон манастирот, на исклучувањето кај Горобинци, сепак се одлучивме најпрвин да го посетиме ова големо и живо село, а потоа да продолжиме кон селото Трстеник и Ѓуришкиот манастир. Во Горобинци скоро сите работи кои нас не интересираа се наоѓаа на мала оддалеченост и немавме никакви проблеми во нивното наоѓање. Од таму се упативме кон манастирот претходно застанувајќи во селото Трстеник, кое според нашите извори поседуваше и посебна своја селска црква. Црквата успешно ја најдовме, иако за малку повторно ќе се заглавевме со нашето возило. Градбата на црквата целосно се срушила и од нејзе се останати само руини. Конечно, се упативме кон Ѓуришкиот манастир, каде направивме нови фотографии од манастирската црква, која во последните години добила обнова, како и целиот манастир. Иако пробавме, сепак на крајот се откажавме од посетата на селото Крушица во интерес на посета на повеќе села.

Од манастирот се спуштивме до самиот град Свети Николе, од каде води посебен асфалтен пат до селото Кнежје, каде се наоѓа и античкиот град Билазора. Иако до наоѓалиштето води посебен асфалтен пат, портата е заклучена и нема баш пристап за посетители, а и самиот град не е доволно истражен. Оттаму повторно се вративме во Свети Николе и се упативме кон селото Пеширово, но претходно го посетивме затворениот аеродром во негова близина, каде се паркирани повеќе мали воздухоплови. Селото е доста мало, а неодамна е подигната нова црква. Од него се упативме кон двете села Долно и Горно Црнилиште, кои се скоро споени села и во различни извори се сретнуваат како едно или две посебни села. Во Горно Црнилиште е започната градба на црква.

На враќање видовме дека постои посебен пат и директно прејдовме кон селото Амзабегово, преку кој директно и ја најдовме неговата селска црква, од каде пак се пружаше одличен поглед на селото. На крај ги оставивме селата Ерџелија и Мустафино, кои се поголеми од останатите села кои дотогаш ги посетивме. Во Мустафино поради неможност да ја преминеме со возилото реката се одлучивме пеш да појдеме до селската црква, а Ерџелија го посетивме со последните сончеви зраци.

Експедицијата ја завршивме со поминати околу 225 километри и посетени 13 села.

Исход

уреди

Со фотографирани 27 села и поминати околу 500 километри, успеавме да ги завршиме предвидените експедиции за 2020 година.

Статии
Број Статија Фотографија Предмет на Википодатоци Забелешки
1. Алакинци — село   Q856501 значително подобрена статија
2. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Алакинци — црква   Q106096131 нова статија
3. Амзабегово — село   Q855923 значително подобрена статија
4. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Амзабегово — црква   Q106112051 нова статија
5. Арбасанци — село   Q882372 значително подобрена статија
6. Буриловци — село   Q882403 значително подобрена статија
7. Црква „Св. Никола“ - Буриловци — црква   Q20499037 значително подобрена статија
8. Горно Ѓуѓанци — село   Q629431 значително подобрена статија
9. Горно Црнилиште — село   Q855937 значително подобрена статија
10. Горобинци — село   Q982917 значително подобрена статија
11. Црква „Вознесение Христово“ - Горобинци — црква   Q12911664 значително подобрена статија
12. ПУ „Гоце Делчев“ - Горобинци — основно училиште   Q20568430 нова статија
13. Долно Ѓуѓанци — село   Q880293 значително подобрена статија
14. Црква „Св. Никола“ - Долно Ѓуѓанци — црква   Q20499123 значително подобрена статија
15. ПУ „Кирил и Методиј“ - Долно Ѓуѓанци — основно училиште   Q106305485 нова статија
16. Долно Црнилиште — село   Q856514 значително подобрена статија
17. Црква „Св. Илија“ - Долно Црнилиште — црква   Q106353177 нова статија
18. Мездра — село   Q880115 значително подобрена статија
19. Црква „Св. Павле“ - Ерџелија — црква   Q106355252 нова статија
20. ОУ „Даме Груев“ - Ерџелија — основно училиште   Q12909057 значително подобрена статија
21. Ерџелија — село   Q880131 значително подобрена статија
22. Кнежје — село   Q982920 значително подобрена статија
23. Билазора — археолошко наоѓалиште   Q2929164 подобрена статија
24. Црква „Св. Никола“ - Кнежје — црква   Q26776893 нова статија
25. Малино — село   Q983097 значително подобрена статија
26. Црква „Вознесение Христово“ - Малино — црква   Q106455500 нова статија
27. Црква „Св. Петка“ - Малино — црква   Q106455902 нова статија
28. Мечкуевци — село   Q880136 значително подобрена статија
29. Црква „Св. Никола“ - Мечкуевци — црква   Q20566642 значително подобрена статија
30. Црква „Св. Петка“ - Мечкуевци — црква   Q106486550 нова статија
31. Мустафино — село   Q882399 значително подобрена статија
32. Буриловска Река — река   Q20941904 нова статија
33. Црква „Вознесение Христово“ - Мустафино — црква   Q106512195 нова статија
34. Немањици — село   Q880054 значително подобрена статија
35. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Немањици — црква   Q56284870 значително подобрена статија
36. Црква „Св. Илија“ - Немањици — црква   Q106528276 нова статија
37. Црква „Св. Никола“ - Павлешенци — црква   Q31360051 подобрена статија
38. Црква „Св. Никола“ - Стањевци — црква   Q106640880 нова статија
39. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Ранченци — црква   Q106640961 нова статија
40. Ранченски манастир — манастир   Q106640983 нова статија
41. Црква „Св. Недела“ - Ранченци — црква   Q106641147 нова статија
42. Црква „Св. Димитриј“ - Стануловци — црква   Q106641158 нова статија
43. Црква „Св. Никола“ - Сопот — црква   Q106641212 нова статија
44. Црква „Св. Димитриј“ - Преод — црква   Q20498326 нова статија
45. Црква „Вознесение Христово“ - Трстеник — црква   Q106641234 нова статија
46. Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Преод — црква   Q106641247 нова статија
47. Црква „Св. Прохор Пчински“ - Пеширово — црква   Q106641294 нова статија
48. ПУ „Даме Груев“ - Пеширово — основно училиште   Q106641329 нова статија
49. Прва светиниколска парохија — црковна парохија   Q106641411 нова статија
50. Втора светиниколска парохија — црковна парохија   Q106641441 нова статија
51. Леталиште Пеширово — леталиште   Q11824764 подобрена статија
52. Мавровица — вештачко езеро   Q20567272 значително подобрена статија
53. Мавровица (река) — река   Q20932425 значително подобрена статија
54. Орел (село) — село   Q880625 значително подобрена статија
55. Црква „Св. Ѓорѓи“ - Орел — село   Q105514759 нова статија
56. Павлешенци — село   Q982926 значително подобрена статија
57. Патетино — село   Q880091 значително подобрена статија
58. Пеширово — село   Q855951 значително подобрена статија
59. Преод — село   Q982929 значително подобрена статија
60. Ранченци — село   Q880098 значително подобрена статија
61. Сопот (Светиниколско) — село   Q983101 значително подобрена статија
62. Стануловци — село   Q882409 значително подобрена статија
63. Вилазора — археолошко наошѓалиште   Q2929164 значително подобрена статија
64. Стањевци — село   Q983099 значително подобрена статија
65. Строиманци — село   Q592431 значително подобрена статија
66. Трстеник (Светиниколско) — село   Q983094 значително подобрена статија
67. Овче Поле — област   Q983094 подобрена статија
68. Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Крушица — црква   Q106976330 нова статија
69. Ѓуришки манастир — манастир   Q20497811 значително подобрена статија

Фотографии

уреди

Сите фотографии направени за време на викиекспедицијата се достапни во следнава категорија:

Поврзано

уреди