Калаузлија (Штипско)
Калаузлија — мало село во областа Јуруклак, во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.
Калаузлија | |
![]() Поглед кон селото | |
Координати 41°47′08″N 22°19′59″E / 41.78556° СГШ; 22.33306° ИГДКоординати: 41°47′08″N 22°19′59″E / 41.78556° СГШ; 22.33306° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Јуруклак |
Население | 61[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2207 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 30020 |
Надм. вис. | 820 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Ова мало село се наоѓа во областа Јуруклак, во средишниот дел на територијата на Општина Карбинци, на северозападните ограноци на планината Плачковица.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 820 метри. Од градот Штип е оддалечено околу 19 километри.[2]
Во 2020 година, пристапниот пат до селото, кој се двоел од регионалниот пат Р2431 бил целосно асфалтиран.[3]
Во атарот на селото се наоѓа историското село Џумалија.
ИсторијаУреди
Во XIX век, Калаузлија било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
СтопанствоУреди
Атарот е мал и зафаќа простор од 4,7 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 120 хектари, на шумите отпаѓаат 110 хектари, а на обработливото земјиште 62 хектари.[2]
Селото, во основа, нема некоја значајна земјоделска функција..[2]
НаселениеУреди
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 90 жители, сите Турци.[4]
Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 83 жители, сите Турци.[5]
Селото е мало, коешто во 1961 година броело 56 жители, од кои 44 биле Македонци, а 12 жители Турци, а во 1994 година бројот се зголемил на 72 жители, од кои 57 Турци и 15 жители Македонци.[2]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Калаузлија живеел 61 жител, од кои 13 Македонци и 48 Турци.[1]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Калаузлија:
Години | Македонци | Турци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | 114 |
1953 | 0 | 135 | 0 | 135 |
1961 | 44 | 12 | 0 | 56 |
1971 | 49 | 24 | 1 | 74 |
1981 | 26 | 36 | 3 | 65 |
1991 | 16 | 62 | 0 | 78 |
1994 | 15 | 57 | 0 | 72 |
2002 | 13 | 48 | 0 | 61 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Општествени установиУреди
- Основно училиште „Страшо Пинџур“, подрачно петгодишно основно училиште во состав на ОУ „Страшо Пинџур“ - Карбинци
Самоуправа и политикаУреди
Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Радање, во која покрај селото Калаузлија, се наоѓале и селата Вртешка, Голем Габер, Ебеплија, Јунузлија, Калапетровци, Кепекчелија, Кошево, Курфалија, Кучилат, Кучица, Мал Габер, Мичак, Муратлија, Никоман, Оџалија, Почивало, Прналија, Радање и Шашаварлија. Селото припаѓало на Општина Радање во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Голем Габер, Јунузлија, Калаузлија, Кепекчелија, Кучилат, Курфалија, Мал Габер, Оџалија, Радање и Таринци.
Избирачко местоУреди
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2329 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште. Во избирачкото место се опфатени селата Јунузлија, Кепекчелија и Калаузлија.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 87 гласачи.[7]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 86 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта[9]
- Кула — населба и утврдување од доцноантичко време
- Цркви[10]
- Црква „Св. Петка“ — манастирска црква
- Манастири
- Калаузлиски манастир — манастир во близина на селото
- Џамии
- Џамија — селска џамија
Редовни настаниУреди
- Јуфкијада
ГалеријаУреди
Поглед на селото од патот за Припечани
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 1 февруари 2021.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 144. Посетено на 1 февруари 2021.
- ↑ „Во тек се градежните активности во рамки на проектот "Изградба на локален пат врска со регионален пат Р 2431, викенд населба Вртешка, село Кепекчелија и село Калаузлија, општина Карбинци" - Центар за развој на источен плански регион на Македонија“. arhiva.eastregion.mk. Посетено на 2021-02-01.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 230.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 1 февруари 2021.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Предвремени избори за пратеници 2020“. Посетено на 1 февруари 2021.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 434. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
ПоврзаноУреди
Надворешни врскиУреди
- Калаузлија на Ризницата ?