ПУ „Страшо Пинџур“ - Калаузлија
основно училиште во Македонија
Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Калаузлија; скратено: ПООУ „Страшо Пинџур“) — подрачно основно училиште во селото Калаузлија, составен дел на ОУ „Страшо Пинџур“ од селото Карбинци.[1]
Страшо Пинџур | |
---|---|
Поглед на основното училиште
| |
Место | |
Општина: | Општина Карбинци |
Наречено по: | Страшо Пинџур |
Нас. место: | Калаузлија |
Адреса: | с. Калаузлија |
Местоположба | |
Основни информации | |
Настава на: | македонски |
Контактни информации |
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски народен херој Страшо Пинџур.
Местоположба
уредиОбјектот на училиштето се наоѓа во самото село Калаузлија, во непосредна близина на регионалниот пат.
Објект
уредиСелото добило ново училиште со помош на турската организација „Тика“, која во изградбата на училиштето вложила 65.000 евра.[2]
Настава
уредиВо училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Наводи
уреди- ↑ „ООУ Страшо Пинџур - Карбинци“. www.mkmap.eu.mk (англиски). Посетено на 2021-02-02.
- ↑ Бојаџиски, Иван (5 ноември 2010). „Или џамија или меѓународен скандал“. Утрински весник (3423). Посетено на 3 февруари 2021.