Црква „Вознесение Христово“ - Горобинци
Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна селска црква во светиниколското село Горобинци, Македонија.[1]
Вознесение Христово
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Втора светиниколска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°52′33.79″N 21°52′42.26″E / 41.8760528° СГШ; 21.8784056° ИГД |
Место | Горобинци |
Општина | Свети Николе |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Исус Христос |
Изградба | 1944 (првпат) 27 ноември 1997 |
Завршено | 2008 |
Осветување | 19 октомври 2008 |
Живопис | Драган Ристески |
Архитектонски опис |
Црквата се наоѓа во самото село.
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа во самото село и со својата големина преовладува во панорамата на селото.
Историја
уредиВо минатото постоела црква во Горобинци во Долно Маало, но кога дошле во голем број Турците, истата била срушена. По рушењето на црквата, на местото останал само бетонски крст, на кој Македонците се собирале за Спасовден.[2]
На 27 ноември 1944 година е осветен и поставен камен-темелникот на тогаш новата црква „Свети Спас“. Поради немање на финасиски средства црквата била запоставена сè до 1997 година, кога бил поставен камен-темелникот на новата црква на 27 ноември 1997 година од страна на митрополитот Брегалнички г. Стефан.[3] Целосно била завршена и реосветена во 2008 година од страна на г.г. Стефан.[4]
Архитектура
уредиФрескоживопис
уредиИконите и фрескоживописот во олтарскиот дел и куполата се дело на зографот Драган Ристески од Охрид.[3]
Галерија
уреди-
Куполата
-
Апсидата
-
Споредниот влез
-
Камбанаријата
-
Главниот влез
-
Помошниот објект
-
Портата
-
Тремот
-
Поглед на црквата
-
Црквата во 2010 година
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 721.
- ↑ 3,0 3,1 „Светиниколски парохии“. www.bregalnickaeparhija.org.mk. Архивирано од изворникот на 2021-04-15. Посетено на 2021-03-30.
- ↑ „Осветен новоизградениот храм во Горобинци – Свети Николе“. 22 октомври 2008. Посетено на 2010-08-09.
Надворешни врски
уреди- Црква „Вознесение Христово“ - Горобинци на Ризницата ?