Ѓуришки манастир

манастир во Македонија

За археолошките наоѓалишта, видете Ѓуришки Манастир и Ѓуришки Манастир - Венец

Ѓуришки манастир
Поглед на манастирот
Информации
Целосно имеЃуришки манастир
Други имињаМанастир „Рождество на Пресвета Богородица“
Манастир на:МПЦ - ОА
ОснованX-XI век
Посветен наРождество на Пресвета Богородица
ЕпархијаБрегалничка
ЦрквиЦрква „Рождество на Пресвета Богородица“
Личности
Место
Местово близина на Крушица, Општина Свети Николе Македонија Македонија
Координати41°54′11″N 21°50′15″E / 41.90306° СГШ; 21.83750° ИГД / 41.90306; 21.83750
Видливи остатоциедна црква, конаци, поархеолошки наоѓалишта, гробови
Отворен за јавностада
Други информации(Втора светиниколска парохија)

Ѓуришки манастирманастир во источниот дел на Македонија, на западните падини на Градиштанска Планина, во близина на селото Крушица.[1]

Историја

уреди

Манастирот е изграден во X-XI век. Во средниот век се претпоставува дека на просторот околу манастирот, односно на потегот меѓу селата Крушица и Трстеник, се наоѓал градот Коритос, како и дворецот на деспотот Јован Оливер.[2]

В 1907 година, во манастирот е одржан Ѓуришкиот конгрес на Скопскиот округ на ВМРО.[3]

На 11 јануари 1912 година, доцна анвечер во манастирот пристигнала турска чета којашто броела околу 20-25 лица од околните сила и на жесток начин убиле девет лица, меѓу кои и игуменот јеромонах Алексиј, неговата 90-годишна мајка Ката, манатирскиот епитроп Арсо Ристов, 90-годишниот манастирски готвач дедо Стојан, двајца манастирски слуги, еден говедат, началникот и полјакот Андо.[4]

Од спомен-плочата којашто се наоѓа на еден од ѕидовите на новиот конак се дознава дека во септември 1944 година во манастирот престојувале членови на Президиумот на АСНОМ и Централниот комитет на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија.

Градби

уреди

Во склоп на манастирот влегуваат една црква, конаци, археолошки наоѓалишта и гробови.

Црква „Рождество на Пресвета Богородица“

уреди

Црквата се споменува во средновековни извори[2] и познато е дека била разрушена во XVI век од страна отоманските власти.[5] Денешната црква била обновена во периодот од 1920-1930 година,[5] а постојат и извори кои посочуваат дека била изградена во 1880 година.[6]

Археолошко наоѓалиште „Венец“

уреди

Археолошкото наоѓалиште се наоѓа во дворот на манастирот, во непосредна близина на манастирската црква. Тоа претставува гробен споменик од доцноантичко време којшто е поставен во правец североисток-југозапад и е граден од камени плочи. Дното на гробот било покриено со четвртести тули наредени една до друга и врзани со варов малтер. Погребувањето е со инхумација, а покрај левиот колк на покојникот е најдено керамичко сатче – бокал со црвеникава боја.[7]

Археолошко наоѓалиште „Ѓуришки Манасир“

уреди

Археолошкото наоѓалиште претставува осамен наод од римско време и среден век. Според Никола Вулиќ, имало два фрагмента од надгробна плоча со грчки натпис, покрај кој, лево и десно, имало релјефно претставени полумесечини.[7]

Златен накит

уреди

Во периодот пред Втората светска војна, околу црквата биле прекопани неколку гробови, а наводно од еден од гробовите биле ископани раскошни златни примероци на накит од XIV век. Накитот се наоѓа во Археолошкиот музеј на Македонија откако бил откупен од установата во 1953 година. Него го сочинуваат златен медалјон со крст од црвен гранит, како и обетка со двоглав орел и почетните букви „МПА“.[2] На рамната површина на медалјонот се изведени орнаменти од извиткана лозница со тенка филигранска жица, на врвот на медалјонот се поставени два делфина, а на средината по една нимфа, изведени со техниката на исчукување. Во средишниот дел се наоѓа крст изведен со пет алмандини окружени со филигранска жица. Обетката е од чунест тип, изведена со техниката на пробивање. Целата нејзина површина има извиткани лозници и палмови лисја, кои од обете страни образуваат кругови на кои од едната страна има прстенесто двоглав орел, а од другата монограм во два реда. Чунесните обетки од средновековните наоди на Балканот имаат свој изворен пат во византиското златарство коешто се засновало на антички примери. Ваков луксузен накит во раниот среден век во развиениот свет припаѓал на високите слоеви од општеството. Веќе во XIII и XIV век се споменуваат домашни селски златари, а во почетокот на XIV век и златари по градовите и самите дворови. Според Блага Алексова, наодот на Ѓуришкиот манастир бездруго припаѓал на некоја Властелина.[8] Сепак, почетните букви „МПА“ на монограмот од едната и двоглавиот орел од другата страна упатуваат кон името на Марија Палеологина, која била втора сопруга на српскиот цар Стефан Дечански. Таа по смртта на мажот го добила Овче Поле на вдовичко уживање и се повлекла во еден од манастирите во областа која и била дадена каде што и била погребана.

Галерија

уреди
Манастирот пред доградбата во 2010-тите години
Манастирот по доградбата во 2010-тите години

Наводи

уреди
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 Македонска енциклопедија. I (I. изд.). Скопје: МАНУ. стр. 508. ISBN 978-608-203-024-1.
  3. Илюстрация Илинден, година ХІІІ, януари 1941, книга 1 (121), стр. 9.
  4. Петров, Петър (2009). „Злодеянието в Гюришкия манастир“. Македонски преглед. стр. 53.
  5. 5,0 5,1 Светиниколски парохии Архивирано на 15 април 2021 г.“. Брегалничка епархија.
  6. Ѓуришки манастир (1933 година)“. Македонска нација. 26 февруари 2014.
  7. 7,0 7,1 Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
  8. „Где је сахрањена Марија Палеологова“. Дубровачки анали, 4-5.

Надворешни врски

уреди