Црква „Св. Никола“ - Буриловци
Свети Никола — средновековна селска црква во светиниколското село Буриловци, Македонија.[1] Црквата е гробјанска. Прогласена е за споменик на културата на Македонија.
Свети Никола
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Втора светиниколска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°52′42″N 22°04′01″E / 41.87833° СГШ; 22.06694° ИГД |
Место | Буриловци |
Општина | Свети Николе |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Изградба | IX век |
Живопис | XIV век |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабна |
Местоположба
уредиЦрква се наоѓа во самото село Буриловци, источно од градот Свети Николе. Изградена е на старо култно место.[2] Во нејзина непосредна близина се наоѓа средновековната некропола Пинговски Гробишта,[3] каде се наоѓаат остатоци на постари надгробни споменици.[4]
Историја
уредиТаа е една од најстарите сочувани цркви во Овче Поле. Потекнува од IX век. Не е познато кога и од кој архијереј е осветена.[5] Сепак, точниот датум на нејзиното подигнување е непознато, иако според некои споредби со други градби, веројатно потекнува од крајот на XV или почетокот на XVI век.[4]
Архитектура
уредиЦрквата е гробишна еднокорабна градба.[2] Има правоаголна основа и полукружен свод, типичен претставник на црковната архитектура од турскиот период во Македонија.[4]
Градена е од клепан и кршен камен со малтер, без некоја доследност во ѕидањето. Печени тули се употребувани само за создавање на лакот над нишата на западната фасада.[4]
Влезот е од западната страна преку ниска еднокрилна вратичка. Прозорците имаат облик на пушкарници од средновековните одбранбени кули. Во горниот дел од надворешната страна, ѕидовите завршуваат со профилиран корниз изведен од кршен камен.[4]
Фрескоживопис
уредиСтилските одлики на ѕидното сликарство и извесната монументалност, пастелниот колорит и украсните елементи, упатуваат на стилските разбирања од крајот на XV или почетокот на XVI век. Во тематскиот склоп на сликаната програма е вклучен текстот на Неделниот прокимен.[2]
Се забележуваат фрески од два временски периоди. Првиот слој, од времето на ѕидањето, а вториот од една реставрација од последните години на XIX век. Зографот на црквата спаѓа во редот на талентирани уметници.[4]
Меѓу позначајните композиции се следниве: „Успение на Света Богородица“ на западниот ѕид над влезната врата, „Раѓањето на Христа“, „Сретење“ и други.[4]
Галерија
уреди-
Гробиштата
-
Ниша над влезот
-
Страничен поглед
-
Внатрешноста
-
Олтарниот простор
-
Внатрешноста
-
Поглед на црквата
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Свети Никола“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1331. Text "series " ignored (help)
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 346. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 група, автори (2014). Споменици на културата на Македонија. Скопје. ISBN 978-608-4646-17-4. Архивирано од изворникот на 2021-04-13. Посетено на 2021-03-24.
- ↑ „Светиниколски парохии“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 2021-04-15. Посетено на 2021-03-24.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Никола“ - Буриловци на Ризницата ?