Црква „Св. Петка“ - Патец
Света Петка — главна селска црква во кичевското село Патец, Македонија.[1]
Света Петка
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Кичевско |
Парохија | Прва кичевска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°32′28.26″N 21°06′33.57″E / 41.5411833° СГШ; 21.1093250° ИГД |
Место | Патец |
Општина | Кичево |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Петка Трновска |
Изградба | 10 јули 1996 |
Завршено | 1999 |
Осветување | 30 јули 1999 |
Живопис | Драган Ристески |
Архитектонски опис |
Црквата се наоѓа под селото Патец и околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
уредиЦрквата се наоѓа на самиот влез во селото, од десната страна на патот. До нејзе, како и до самото село, се стигнува по земјен пат, кој започнува од селото Козичино.
Историја
уредиКамен-темелникот на црквата бил осветен на 10 јули 1996 година, а црквата била осветена на 30 јули 1999 година од страна на митрополитот г. Тимотеј.[2]
Архитектура
уредиЦрквата била изградена од страна на мајсторите Санде и Славе Софрониоски од селото Лазаровци.[2]
Фрескоживопис
уредиХрамот поседува фрескоживопис, кој бил изработен од страна на уметникот Драган Ристески од Охрид.[2]
Иконостас
уредиВо црквата се наоѓа иконостас изработен од резбарот Панта од Кавадарци.[2]
Галерија
уреди-
Селските гробишта
-
Главниот влез
-
Куполата
-
Апсидата
-
Помошниот објект
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Дебарско-кичевска епархија“. web.archive.org. 2014-03-04. Архивирано од изворникот на 2014-03-04. Посетено на 2020-11-09.
Надворешни врски
уреди- Црква „Св. Петка“ - Патец на Ризницата ?