Оризарска парохија
парохија на МПЦ-ОА
Оризарска парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Кочанското архијерејско намесништво на Брегалничката епархија. Нејзиното седиште е во црквата „Св. Атанасиј“ во селото Оризари. Парохиски свештеници е протереј Тоше Манев.[1]
Парохијата ги опфаќа селата: Оризари, Пресека, Безиково и Цера.
Цркви
уредиОва е список на црквите во парохијата.[1][2] Можно е списокот да не е целосен.
име | населено место | изградена | слика |
---|---|---|---|
Црква „Св. Атанасиј“ (главна парохиска црква) |
Оризари | XIX век | |
Црква „Св. Богородица“ (манастирска црква) |
Оризари | 1974 | |
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ | Пресека | 1926 | |
Црква „Св. Харалампиј“ (манастирска црква) |
Пресека | 1870-ти | |
Црква „Св. Ѓорѓи“ | Безиково | 2012 | |
Црква „Покров на Пресвета Богородица“ | Цера | 1880 |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Оризарска парохија Архивирано на 15 април 2021 г.“. Брегалничка епархија.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 30. ISBN 978-608-65143-2-7.
Надворешни врски
уреди- Оризарска парохија на Ризницата ?