Белски манастир

манастир во Македонија

Белски манастирманастир во источниот дел на Македонија, на планината Осогово, во близина на селото Бели.

Белски манастир
Поглед на манастирот
Информации
Целосно имеБелски манастир манастир
Други имињаМанастир „Свети Илија“ - Дабот
Манастир на:МПЦ - ОА
Посветен наСвети Илија
ЕпархијаБрегалничка
ЦрквиЦрква „Св. Илија“
Личности
Место
МестоБели, Општина Кочани Македонија Македонија
Координати41°56′14″N 22°22′22″E / 41.93722° СГШ; 22.37278° ИГД / 41.93722; 22.37278
Видливи остатоциедна црква, помошни објект, летниковци, бунар, даб
Отворен за јавностада
Други информации(Спанчевска парохија)

Историја

уреди

Темелите за изградба на манастирот биле поставени во 1964 година, а се верува дека на тоа место имало манастир и во минатото.[1] Во 2011 година, до манастирот бил изграден асфалтен пат, а просторот бил уреден со клупи и други содржини.[2]

Градби и знаменитости

уреди

Во склоп на манастирот влегуваат една црква, помошни објекти, летниковци, бунар и стар даб.

Црква „Свети Илија“

уреди

Црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна, а пред главниот влез од западната страна е доградена припрата. Внатрешноста на црквата не е зографисана.

Во дворот на манастирот се наоѓа даб од видот на благуни (научQuercus pubescens) којшто се смета дека е стар околу 600 години, со што е еден од најстарите претставници од овој вид во регионот, а со закон е заштитен како споменик на природата.[2] Дабот е висок 19 м и има обем на стеблото од 5,9 м. Во октомври 2019 година, дабот бил прогласен за природна реткост.[3]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Ивица Милевски; Зоран Тунтев; Ирена Ружин; Виолета Јанкова; Јане Вртески; Звонко Наумоски (2016). „Студија за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источен плански регион“ (PDF). Центар за развој на Источен плански регион. стр. 103-104. Посетено на 16 февруари 2021.
  2. 2,0 2,1 Ивица Милевски; Зоран Тунтев; Ирена Ружин; Виолета Јанкова; Јане Вртески; Звонко Наумоски (2016). „Студија за состојбата со потенцијалите за развој на туризмот во Источен плански регион“ (PDF). Центар за развој на Источен плански регион. стр. 46. Посетено на 16 февруари 2021.
  3. „Службен весник на Република Македонија“ (PDF). 7 октомври 2019. стр. 2-3. Посетено на 16 февруари 2021.

Надворешни врски

уреди